ФОТО: Најубавите кратерни езера во светот

Кратерните езера кријат посебна магичност, единственост и мистериозност. Може да се создадат како резултат на вулканска активност, пад на метеор или експлозија. Откако кратерот се формира, дождот, истечните води, циркулацијата на подземните води или растопениот мраз го пополнуваат кратерот со вода, при што се создава интересно кратерно езеро.

Исто така, постојат вулкански езера чија боја на вода е неверојатно живописна, но исполнета со вулкански гасови. За разлика од вулканските езера, кратерните езера како дел од старите и неактивни вулкани се исполнети со свежа и чиста вода.


Најубавото и едно од најпознатите кратерни езера Маунт Мазама е лоцирано во Орегон. Всушност ова е и најдлабокото езеро во Америка со длабочина од 595 метри. Езерото се формирало поради постојани врнежи и топења на мраз, при што неговата вода е свежа и ладна.


Кратерното езеро Албертин Рифт во Африка се создало како резултат на вулкански експлозии.


Во 1991 година, вулканот Пинабуто на Филипините еруптирал и ја создал втората најголема вулканска ерупција на 20 век. Вулканот бил неактивен цели 400 години сè до денот на експлозијата кога се создало и езерото Пинабуто.


Пред 800 години се случила вулканска екплозија VEI-6 која предизвикала создавање на кратерното езеро Куилотоа на Еквадор. Денес, ова езеро е длабоко 249 метри и сјае со зеленкаст сјај поради минералите присутни во водата.


Островот Флорес во Индонезија вклучува три различни кратерни езера. Едно од нив има тиркизна сина боја, другите две се нијанси на црвена и зелена боја. Сите три езера се создадени од еден вулкан, па токму поради тоа на научниците не им е јасно зошто езерата имаат различни бои.


На границата меѓу Кина и Северна Кореа, односно на планината Баекду, се протега прекрасно кратерно езеро. Езерото е длабоко 213 метри, а од октомври и низ текот на зимскиот период целото е под мраз.


Иако поголем период од годината, езерото Лицанкабур во Чиле е прекриено со мраз, тоа не го спречува да се најде на оваа листа. Истото се протега на границата меѓу Чиле и Боливија, а има длабочина од неверојатни 980 метри.


Едно од најживописните места на Филипините е токму ова кратерно езеро, кое се протега на речиси 2 километри ширина. На центарот на езерото се издига висока карпа што го прави поразлично од останатите езера.


Во 1912 година, ерупцијата на Новарупта предизвикала создавање на ова кратерно езеро во Алјаска.


Постојат многу активни вулкани во северен Хонш, Јапонија. Токму поради активните вулкани се создало и езерото Окама, кое е специфично по менувањето на боите поради што многумина го викаат Езерото со 5 бои. Ова езеро е една од главните туристички атракции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби