Села и градови кои исчезнале под вода

Скриени градови и села кои некогаш имале свои жители, денес се целосно потопени под вода, а обично се препознаваат по некој светилник или црквена камбана. Сепак, иако под вода, се уште претставуваат туристичка атракција.

Маврово, Македонија



Градот под вода во Маврово изграден во 1850 година, потопен е во 1949 година. Од водата се гледа црквата св.Никола, која потсетува на дамнешни времиња.

Бежиду Ноу, Романија



Рушевините од малото романско село може да се видат како извираат од езерото Бежид, кое се излило по поставување на брана. Денес од селото се видливи само троновите на црквата.

Граун, Тренто, Италија



Ова некогаш просперитетно село, жртвувано е во средината на 19 век за да се направи место за нова брана и зголемено производство на електрична енергија потребна за пошироката област. Под езерото Решензе сега се наоѓаат 163 куќи и црква од 14 век.

Медијана, Шпанија



Шпанскиот град Медијано во 1974 година бил потопен при изградбата на еден од најголемите резервоари во земјата. Од водата се гледа само една црква од 16 век, а понекогаш кога водата се повлекува може да се виде и повеќе.

Крохино, Русија



Селото Крохино е евакуирано во 1961 година, кога голема поплава на реката Шексна проголтала најголем дел од оваа област. Денес може да се крстари покрај една преостаната градба – црквата на Христовото раѓање изградена во 1790 година.

Каљазин, Русија



Сталин во 1939 година, наредил да се потопи градот Каљазин, за да се направи резервоар. Се што остана од овој град е неокласична камбана на црквата св.Никола.

Виларино дас Фурнас, Португалија



Две илјади годишна историја на град исчезна под вода во 1972 година. Ова древно село, кое го основале Римјаните, имало околу 300 жители. Кога нивото на водата се намалува, се гледаат стари остатоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби