Патувања кои малку чинат – а многу вредат

Убаво е да патувате во богати земји, но за таква авантура ви треба длабок џеб. За среќа, постојат многу дестинации низ светот, за кои ако ги одземеме авионските билети, се навистина достапни. Почнете полека да собирате пари за карта, за до летниот одмор да можете да си овозможете евтин одмор, каде што ќе поминувате со помалку од 50 долари на ден.

Фиџи



За разлика од неговите соседни земји, Фиџи е навистина евтин. Нормално дека има хотели каде што едно ноќевање чини 1.000 долари, но исто така постојат и мали хостели, соби и мотели во кои можете да отседнете за помалку од 25 долари. Јавниот превоз е евтин, а пристапот до сите плажи е бесплатен.

Камбоџа



Камбоџа е една од најевтините дестинации во азискиот регион. Климатизирана соба можете да изнајмите за 20 долари и една порција храна да изедете за 2 долари. Овде нема да банкротирате, па со 50 долари на ден дури и ќе уживате во луксуз.

Португалија



Ова е една од најевтините дестинации во Европа. Ќе најдете прекрасни плажи, лозови насади и историски локалитети – а сето тоа за многу малку пари. Најдобра, а во едно и најевтина храна ќе најдете кај локалните произведувачи кои секогаш се подготвени да ви спремаат јадење кое се подготвува на ист начин со векови.

Перу



Повеќето луѓе кои го посетуваат Перу, привлечени се од богатата историја, но освен ова, Перу ви нуди прекрасна и недопрена природа, песочни плажи и пловидба по Амазон. Еден оброк нема да ве чини повеќе од 5 долари, приватната соба повеќе од 25 долари за ноќ, а целата земја ќе ја поминете за помалку од 30 долари. Овие цени не се однесуваат за Мачу Пикчу, сепак тоа си е приказна сама за себе.

Кина



Патот до Кина е најголем проблем на оваа листа. Сепак, ако сте искусни со барање на евтини летови и тоа можете да го решете на брз начин. Изнајмувањето соба за една ноќ изнесува 20 долари, а оброк можете да добиете од 2 до 5 долари. Јавниот превоз е најевтин, односно 1 долар за цел ден.

Јужна Кореа



За еден долар ќе добиете околу 1.113 вони. Зошто е тоа толку важно? Затоа што во Јужна Кореа речиси сите работи чинат помалку од 1.000 вони. Комплетен ручек во еден од рестораните изнесува помалку од 8 долари по лице, а пиво можете да купите за помалку од 1 долар, додека ноќевањето ќе ве чини околу 7 долари од ноќ.

Собирајте пари, резервирајте летови уште сега бидејќи се многу поевтини и чекајте да дојде датата која ја посакувате!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби