Места во Франција кои ќе ја воодушеват секоја жена

Франција, освен по својот романтичен дух, позната е и по многубројни локации кои би ја воодушевиле секоја жена. Ако се мислите за роденденски подарок за некоја драга личност, Франција е место број 1 во кое личноста која сакате да ја изненадите ќе ужива до максимум употребувајќи ги сите сетила!

Терапија со вино во Мартилак



Повеќето жени уживаат во козметички третмани кои длабоко ја хранат кожата и ја прават свиленкасто мека. Кога во целото тоа искуство се вклучат природните извори на терминална вода и врвно вино, добивате една добитна комбинација. „Spa Les Sources de Caudalie“ во Мартилак ќе и даде на секоја жена едно неповторливо искуство.

Прошетка меѓу француските фјордови



Наместо по Сена, пропешачете заедно со вашата љубена по националниот парк Calanques, кој се протега 12км по француското крајбрежје од Марсеј до Каси. Тиркизните делови на морето ѕиркаат меѓу белите карпи, слични на фјордови, при што овозможуваат идеално уживање во прекрасна природа.

„Буричкање“ низ Париз



Која жена може да одолее на парфем? Светските трендсетерки знаат дека најважните мирисни комбинации може да ги пронајдат кај Францис Куркдијан. Овој француски број 1 „нос“ ги меша и ги продава парфемите на пазар кој е сместен на улицата d’Alger број 5. Во неговата продавница се продаваат дури и меурчиња за прскање со арома на љубичици, круша, ментол и свежо искосена трева. Интересно, зарем не?

Шопинг во Лил



Заборавете на луксузните дизајнерски продавници во Париз. Место тоа, упатете се на пазарот во Лил и купете многу сувенири од игли до локомотиви по мошне поволни цени. Овој пазар се отвора првиот викенд во септември, каде што повеќе од 10.000 пазарџии ги нудат своите продукти.

Културни посети во Гранвил



Иако немате пари за висока мода, можете да го посетите музејот на Кристијан Диор. Овде можете да дознаете многу работи за дизајнерот и неговиот моден опус. Музејот е сместен во семејната куќа на Диор на нормандиското крајбрежје, а интересно обележје е розовата фасада на куќата.

Градинарство во Менси



Обожавателките на убавите градини мора да го посетат барокниот дворец Vaux le Vicomte и неговите зелени површини во Менси. Овој хортикуларен бисер се наоѓа 50км југоисточно од Париз, а нуди спектакуларно уредена градина и одмор од стресното секојдневие.

Допир на свила во Лион



Некои од најлуксузните ткаенини потекнуваат од Лион, односно од Куќата на свилата која се наоѓа во центарот на овој град. За производство на ткаенината потребно е внимателна работа со 1344 игли меѓусебно поврзани.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби