Топ 10 земји кои кои туристите избегнуваат да ги посетат

Македонија во последно време обрнува поголемо внимание на туризмот, па низ Скопје и Охрид можеме да сретнеме разни групи на луѓе од целиот свет. Сепак, за сега ова е многу помалку отколку што тоа го има во државите и градови во нашиот регион каде постојано има големи групи на туристи.

Но, постојат и држави кои ги посетуваат неверојатно мал број на луѓе. Од кои причини, прочитајте во продолжението на овој текст...

Доколку барате неоткриена, не толку позната и општо земја на која баш и не стапнале многу стапала – ова е приказна за вас! Накратко, ова е попис на 10-те најмали држави во светот во 2013-та година, па доколку сакате да истражувате да знаете што ве чека.

Палау

Број на туристи кои ноќевале: 105.000



Палау е остров кој се наоѓа на западниот Пацифик, конкретно во Микронезија. Бројот на туристи е таков поради оддалеченоста и поврзаноста.

Молдавија

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 96.000



Молдова, односно Молдавија е сместена помеѓу Романија и Украина. Најголемата стапка на СИДА во Европа и нерешените однос се најголем адут за непосетување на оваа дестинација.

Тимор-Лесте

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 78.000



Сместена на 1500 километри од северното крајбрежје на Австралија, Тимор-Лесте се наоѓа на островот Тимор, кој се наоѓа на јужниот крај на Индонезиските острови. Освен што не се препорачува доаѓање по морски пат поради пиратите, ниту односите со Индонезија баш и не се добрососедски.

Доминика

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 78.000



Доминика е остров во Малите Антили во Карипско море, а тука се неговите роднини Гуаделупе и Мартиник, кои имаат поголем број на туристи и тоа од Европа.

Сент Винсент и Гренадинес

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 72.000



Сент Винсент и Гренадинес е остров на прелазот од Карипско море во Атлански Океан. Од нив сепак се попопуларни Сетн Луциа, Гренада и Барбадос.

Ангуила

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 69.000

Остров во Карибите, источно од Порторико и Девствени острови.

Лихтенштајн

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 60.000



Лихтенштајн е земја окружена со Швајцарија и Австрија, и е една од двете земји во светот чии жители треба да поминат две копнени граници за да стигнат до морето.

Ниуе

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 7.000

Остров во јужен Пацифик оддалечен скоро две илјади километри од првата поголема цивилизација – Нов Зеланд.

Монтсерат

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 7.000



Монтсерат е вулкански остров на Карибите, прекуморско подрачје на Обединетото Кралство. Сместен е југозападно од Антигва, а северозападно од Гвадалупе. Најголем проблем се ерупциите.

Кирибати

Број на туристи кои ноќевале во 2013 - 6.000

Кирибати е тропски остров во Пацификот, оддалечен пет часа лет од Хаваи, кои се најголемите острови близу него. Е тоа се вика изолација!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби