Музеи во Европа кои вреди да ги посетите

Експертите за патување ги собраа нивните впечатоци и заедно создадоа листа на најдобри музеи во Европа, кои вредат да се посетат. Совршен период би биле новогодишните и божиќните празници, кои може да се искористат за патување и посета на некои од музеите.

Музеј Ермитаж, Санкт Петербург, Русија



Ермитаж е еден од најстарите и најголемите музеи во светот, кој буквално ќе ви го одземе здивот. Делата кои се изложени доаѓаат од целиот свет, а 3.000.000 слики ја составуваат една од најголемите колекции на уметнички слики во светот. Целиот музеј се наоѓа во огромна палата од стотици соби.

Галерија Академија, Фиренца, Италија



Фиренца беше центарот на ренесансата, а овдешните музеи го докажуваат тоа. Оваа галерија е дом на многу скулптури на Микеланџело, вклучувајќи ја и скулптурата на Давид. Освен овие скулптури може да се најдат уметнички слики од 15 и 16 век.

Музеј Орсе, Париз, Франција



Овој музеј се наоѓа на местото каде што некогаш имало железничка станица, а сега го красат интересни покриви. Овде се наоѓа најголемата колекција од импресионизмот и пост-импресионизмот во светот, меѓу кои и одредени дела од Монет и Ван Гог.

Музеј Акрополис, Атина, Грција



На прв поглед зградата изгледа како несоодветна бидејќи има стаклени структури и стари рушевини. Но, овој музеј е изграден благодарение на ископините на Акрополис во Атина. Овде можете да видите 4.000 богатства од стара Грција.

Музеј Прадо, Мадрид, Шпанија



Без сомнение, музејот Прадо ја нуди најдобрата колекција од шпанската уметност. Освен колекцијата од шпанската историја, овде се изложени и големи италијански дела.

Национална галерија, Лондон, Англија



Галеријата која се наоѓа на плоштадот Трафалгар е дом на над 2.300 уметнички слики кои датираат од 13 век па сè до 1990-тите години. Иако колекцијата е мала во споредба со другите големи музеи, таа е еден вид на енциклопедија за уметноста, бидејќи се опфатени едни од најважните дела на најпознатите уметници. Чекорењето низ овој музеј ве враќа стотици години назад во историјата.

Музеј Васа, Стокхолм, Шведска



Во овој музеј е изложен единствениот брод од 17 век кој не бил нападнат, односно воениот брод со 64 пушки, кој потонал во 1628 година. Освен бродот „Васа“, овде се изложени и неколку морнарски дела.

Британскиот музеј, Лондон, Англија



Колекцијата во овој музеј била основана во 1753 година, при што ги прикажува различните култури низ светот од почетокот па сè до сегашноста. Ако сте заинтересирани за Австралија или Исланд, Британскиот музеј ги нуди едни од најразбирливите истории.

Музеј Аја Софија, Истанбул, Турција



Аја Софија има голема историја. Бил изграден во 537 година како седиште на православната црква, а денес претставува империјална џамија во која се изложени дела со влијание од западот и истокот.

Боргеска Галерија, Рим, Италија



Во оваа галерија, дури и зградата е дел од изложбата. Изградена е од внук на папата Пол V во 1644 година, секој ѕид и таван е исцртан со неверојатни дела кои ја претставуваат уметноста.

Музеј Лувр, Париз, Франција



Најпрво бил изграден како тврдина во 12 век од страна на Филип II, денес е еден од најпосетените музеи во светот. Овде се изложени повеќе од 380.000 артефакти и 35.000 статуи кои ја сочинуваат една од најголемите колекции во светот, заедно со оригиналниот портрет на Мона Лиза од Леонардо да Винчи.

Националниот музеј, Амстердам, Холандија



Овој музеј е посветен на богатата историја и ексклузивната уметност на Холандија. Се состои од 8.000 дела и повеќе од 1 милион предмети кои датираат од 1200 до 2000 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби