Со трактор од Холандија до Јужниот пол

Холанѓанката Манон Осеворт, вчера го заврши своето патување, чија цел беше да стигне до Јужниот пол. Оваа 38-годишна жена го започнала патувањето на трактор од Холандија, а морала да поминува низ неколку искушенија, како што е возење со 5км на час, само за да ја достигне последната дестинација на светот.



Манон имала сон да стане актерка, па успеала во тоа. Сепак, по 4 години во актерството сакала да направи нешто уште поголемо, па почнала да патува со трактор прво низ Европа, а потоа 3 години ги поминала патувајќи низ Африка. Освен овие два континенти таа не била на друго место, се додека не и дошло идеја да патува до ледениот Јужен пол со трактор. Откако го „зајакнала“ тракторот Машеј-Фергусон, се приближувала до својот сон.

Заедно со неа патувал и францускиот механичар, Никола Башел, со кого се менувале при возењето, но бил и при рака кога секогаш требало да се подобри работата на тракторот. Имено тие до Русија стигнале со авион, а потоа поминале 2.500км од руската истражувачка станица Новолазаревкаја, на антарктичката област, се до Јужниот пол и тоа во рок од 16 дена.



- Мојот најлош ден беше кога морав со часови да возам од 0.5 до најмногу 5км на час. Се плашев дека ќе треба да се откажам од експедицијата ако временските услови се влошат. Многу ми беше страв од бездните со снег и мраз, кои не се ни гледаат. За среќа, тракторот беше добро опремен и ги детектираше подлабоките бездни. Сепак, го исполнив мојот сон. Ова нека ви биде како инспирација да не се откажувате и да продолжувате да се трудите. Ако имате сон – верувајте во него, вели Манон, која поминала низ многу ниски температури некогаш достигнувајќи и до -56°С.

Освен механичарот, нивното патување го следела и ТВ екипа сочинета од шест членови кои го документирале целото патување што наскоро ќе излезе во документарен филм „Антарктик 2“.



Пред да си замине, Манон сака да направи огромен снешко во чиј стомак ќе закопа „временска капсула“ која ќе може да се отвори за 80 години.

- Сакам да направам капсула со соништата од светот, со цел децата и луѓето во иднина да може да дознаат што сме сонувале, а не да слушаат само за историски војни и политички проблеми, додаде Манон.

„Трактор девојката“ како што ја нарекуваат многумина, треба повторно да се врати по истиот пат до руската база, а потоа до Холандија каде што се надева дека ќе стигне на време да го помине Божиќ со нејзината 10-месечна ќерка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби