Најубавите руски чуда

Пред неколку години, се собраа повеќе руски ТВ, радио станици и новинарски куќи и одлучија да покренат гласање за најголемите руски чуда. Секој жител на Русија имаше можност да гласа преку интернет и sms пораки. Tака ги одбраа своите седум чуда на модерното време.

Бајкалско езеро



Бајкал се наоѓа во источен Сибир и се смета за најдлабокото езеро, но и најголем резервоар на вода за пиење во светот. Длабоко е 1.500 метри, а бојата на водата е изразито бистра и сина.

Долина на гејзерите



Долината се наоѓа во Камачатка, а интересна е поради стотината активни и привлечни гејзери. Токму оваа долина се наоѓа на листата на УНЕСКО за убави светски градини.

Споменикот „Татковината повикува“



Овој голем споменик е изграден во 50-тите години од минатиот век во Волгоград во чест на сите војници кои го изгубиле животот во Втората светска војна. Споменикот се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, а е два пати поголем од кипот на слободата во Њујорк.

Петергоф



Ова место е изградено по наредба на Петар I на почетокот на 17 век и се наоѓа во непосредна близина на Санкт Петербург. Поради зеленилото, водата, златото и убавата архитектура – се смета за топ атракција меѓу туристичките понуди во Русија.

Црквата Свети Василиј



Катедралата се наоѓа на Црвениот плоштад во Москва, а препознатлива е по своите конусни покриви и бои. Изградена е меѓу 1555 и 1561 година во чест на победата на царот Иван Грозни над Монголците.

Стубовите во Република Коми



Никој не е сигурен кога настанале, но научниците се сложуваат со едно – дека само природата можела да направи нешто такво. Се проценува дека настанале пред 200 милиони години, а нивната висина е 42 метри!

Елбрус



Елбрус е највисоката точка на Русија, а според некои и највисокиот врв во Европа. Висината на овој врв е 5.600 метри!



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби