Најопасните места на планетата на кои никогаш не би сакале да живеете

Ако соседите имаат журка до касно навечер или пак камионот за ѓубре ве буди во 2 по полноќ – сигурно сте еден од оние кои многу се лути што живеат токму во такво опкружување. Сепак, кога ќе ги прочитате следните опасни места за живеење, ќе почнете да си ја сакате вашата околина и конечно ќе сфатите колку сте среќни. Мажите, жените, децата се уште живеат во најлоши услови каде што владее криминалот и разните болести. Нема да сакате ниту да ги посетите следните места, а камо ли да живеете овде.

Сит-Солеил, Хаити



Cite-Soleil или Сончевиот град е преполн со сиромашни квартови во кои владеат банди што се дават во мизерија. Овде нема канализација, а луѓето живеат во картонски колиби. Ѓубрето и изметот течат по улиците, а во барите постојано се размножуваат комарци. Животниот век во овој град е до 50 години, а многу жители се заразени од сида.

Рио де Жанеиро, Бразил



Рио е еден од најпосетуваните градови на светот поради карневалот, прекрасните луѓе, фудбалот, одбојката на песок.. Но, покрај овие убавини, постојат огромни места во кои има изградени колиби буквално една до друга. Од околу 1000 колиби, постои една која ја бие особено лош глас – Rocinha. Рио е главно место за кокаин, кој подоцна се доставува низ цела Европа, а токму овие квартови се местата каде што живеат сите дилери и криминалци.

Детроит, Мичиген, САД



Некогаш, градот на моторите, а денес најпознат град по убиства. Популацијата на градот од 2000 година, паднала за дури 25%, а постојат и целосно напуштени куќи и згради. Некои од тие куќи се продаваат за стотина долари.

Хуарез, Мексико



Овој град стана епицентар за војни меѓу дрогерашките банди. Тие немилосрдно војуваат секој ден, оставајќи ги на улиците труповите од нивните погинати другари.

Меделин, Колумбија



Уште еден кокаински град во кој главниот збор го имаат бандите и каде што шетањето навечер значи куршум во глава. Иако главниот мафијашки шеф починал во 1993 година, секоја година се случуваат по илјадници убиства. Само во 2009 година се случиле дури 2899 убиства.

Браунсвил, Бруклин, САД



Повеќето згради во овој дел од Њујорк се изградени за социјални потреби на луѓето кои немаат каде да живеат. Сепак, во овие згради криминалот е на високо ниво. И додека останатите делови во Њујорк бележат пад, во овој дел од Бруклин постојано има пораст.

Феган, Узбекистан, Таџикистан



Распадот на СССР предизвика голема напнатост во светот, а исто така доведе и до расцеп на мали независни држави. По 20 години, останаа многу немири меѓу народите. Долината Фегана е центар на исламски фундаменталисти кои не сакаат припадници на други вери во својата околина. Економијата во овој дел е на изразито ниско ниво, а стапката на криминал е многу висока.

Кибера, Кенија



Предградието на градот Кибера е еден од најголемите сиромашни квартови на светот. Како и многу други, така и овој кварт е преполн со криминалци, дрога, болести и убиства, а телата лежат напуштени на патиштата. Овој дел во градот нема питка вода, а како тоалет им служат дупките ископани во земја.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби