Најкреативните места во светот кои мора да ги посетите

Човекот знае да направи неверојатни дела, кои кога ќе се спојат со природата стануваат нешто магично. Безброј хотели низ светот се правени од најкреативните умови, а истите се број 1 атракција за туристите. Во продолжените, ви ги прикажуваме најинтересните места кои мора да се почувствуваат и да се видат со свои очи.

Ice Hotel, Шведска



Овој хотел секоја година се гради од мраз и снег во селото Јукасјарви, во северна Шведска. Прв пат се отворил во 1990 година, а потоа градбата повторно се кревала од декември до април секоја година. Во хотелот, дури и столчињата и креветите се создадени од замрзнати блокови од реката Турне. Секоја година се покануваат разни уметници со цел да креираат цела соба. Температурата во хотелот изнесува -5°С.



Propeller Island City Lodge, Берлин



Во овој хотел, може да уживате во тврдина, летачки кревет, соба полна со облаци или со огледала. Токму овие соби се главната причина поради која туристите сакаат да го посетат хотелот. Истиот се наоѓа во западната област Шарлотенберг, а во него може да искусите незаборавно искуство од спиење во сребрен храм, па сè до ноќ во затворска ќелија.



Magic Mountain Hotel, Чиле



Во центарот на чилеанската дождовна шума, Патагонијан е изграден овој хотел, кој им овозможува на гостите да ловат животни и риби во т.н Хулио Хулио одморалиште. Името на одморалиштето е според омилената книга на сопствениците, додека приказната опишува планина со магични сили и огромни желби. Токму водопадите кои се слеваат надолу го прават хотелот толку посебен.



Boat Hotel, Малдиви



Оние кои обожаваат бродови на сина вода, тогаш мора да го посетат Boat Hotel во Малдивите, чии апартмани се сместени во куќички во вид на брод. Покрај бродовите во кои ќе престојувате, здивот ќе ви го одзема тиркизниот Индиски океан и синото небо кои се спојуваат во една линија. Иако на островот Кокоа на Малдивите има повеќе хотели, овој се издвојува како најубав и најпривлечен за туристите.



The Ark Hotel, Кина



Руските и Американските архитекти се здружиле само за да создадат една арка која ќе плови по море, а ќе може да претрпи поплави, земјотреси, разни природни катастрофи и која нема да зависи од нивото на водата. Она што е мошне убаво е што и покрај тоа што туристите се наоѓаат на сред море, во хотелот има посадено доволно дрвја, кои им овозможуваат кислород, а овој концепт е создаден само за гостите да се чувствуваат исто како и на копно.



Bubble Hotel, Франција



На само 20км од Марсеј се наоѓа хотелот чии соби се сместени во огромни пластични меури, кои доживуваат вистинско искуство со природата. Овие соби ви даваат можност да ги гледате ѕвездите цела вечер. Но, ако гостите сакаат да уживаат без проѕирните „ѕидови“ на меурите, слободно може да го прекријат целиот меур. Интересно, зарем не? Токму тука се случило и едно романтично запросување, за кое сигурни сме дека ќе се памти навек.



Trojan Horse Hotel, Белгија



Белгиски ентузијаст го создал еден од најчудните хотели, Тројански коњ. Можете да замислите овде да ноќевате? Како и да е, ова дефинитивно е едно уникатно искуство кое го нема на друго место. Се што е во хотелот е создадено од природни материјали и го отсликува едноставното модерно време, смета сопственикот на хотелот. Но, кога ќе ѕирнете како да сте заглавени во некоја мината доба.



Hotel Costa Verde, Костарика



Замислете си хотел создаден на авион во џунгла. Токму таков е хотелот чија изградба е основана на авионот кој во 1960-тите години редовно летал. Сега во авионот има две спални, дневна, кујна и трпезарија. Терасата е посебна затоа што е на отворено и нуди неверојатен поглед кон океанот и сонцето. Близу хотелот постои место за вежбање јога и четири ресторани, кои ќе направат да посакате вечно да останете на овој „лет“.



Das Park Hotel, Австрија



Можеби идеалниот одмор не би ви бил да спиете во канализациона цевка, но признајте дека ви звучи примамливо доколку е чисто. Токму овој хотел нуди соби во чисти цевки сосема доволни за дупли кревет. Хотелот се наоѓа во австрискиот град Отеншејм, а за прв пат бил отворен во 2004 година. Гостите имаат свој код со кој ја отвораат вратата од нивната соба, а го добиваат откако ќе резервираат место.



Poseidon Underwater Resort, Фуџи



Подводниот ресорт Посејдон, се гради цели 13 години и иако требаше да се отвори во 2008 година, хотелот се уште не прима посетители. Листата постојано расте, а до сега достигна бројка од 150.000 потенцијални гости. Ресортот има 25 апартмани, како и ресторан, бар, сала за вежбање, па дури и подводна капела за венчавки. Високата цена не ги спречи туристите да резервираат пред време.



Spherical Treehouses, Канада



Ева, Ерин и Мелоди се всушност имињата на трите куќички во вид на топка изградени на дрва во шума на островот Ванкувер. Тие се прекрасно изработени од дрво, со стил на јахта. Најмалата од нив е Ева, а сите куќички се поврзани со струја, вода и имаат звучници за искусување на неверојатниот звук кој се создава внатре.



Tree House, Шведска

Оваа речиси невидлива куќа на дрво во Шведска на почеток покренала многу дилеми. Единствени ентузијасти биле архитектите и сопственикот кој решиле да осмислат начин за да ја изградат куќата која би била добра и за посетителите, но и за околината. Така, успеале да создадат куќа која ги рефлектира дрвјата, небото, сонцето, ѕвездите буквално сè, но и да внесат специјален филм кој ќе ги спречи птиците да се удираат во нејзините огледала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби