Италијанците не смеат ни името да му го спомнат

Колобраро е град во јужна Италија за кој се верува дека е најпроклетиот град во Европа. Приказните за вештерките и чудните несреќи секако допринеле за оваа репутација. Меѓу нив се и приказни за новородени бебиња со две срца и три белодробни крила, за сомнително лизгање на земјиштето, за сообраќајни несреќи и рушевини.



Италијанците толку се плашат од овој град што не смеат ни името да му го спомнат, а ни полицијата нема да ве запре ако стапнете малку повеќе на гас, од страв да не фрлите некоја клетва. Сепак, неговата лоша репутација никогаш не направила нешто лошо на туристите. Уште повеќе, секое лето се организира фестивал кој од проклетата репутација направил вистинска магична атмосфера. Додека туристите едвај чекаат да го прошетаат овој град Италијанците од соседните градови, често го заобиколуваат градот само за да не поминат покрај или низ него.

Се прашувате како овој град ја заработил оваа репутација?

Имено, приказната се навраќа во првата половина на 20 век, кога се верувало дека еден адвокат и вештерка ја донеле несреќата. Блаџо Вирџилио бил богат локален адвокат, кој никогаш не изгубил ниту еден случај и имал многу непријатели. Еден ден на суд изјавил една реченица после која сè тргнало наопаку: „Ако ја зборувам невистината, нека падне овој лустер“. И секако лустерот паднал, а потоа неговото име се врзувало само со негативни работи, па неговите потомци избегале од градот.



Позната е и приказната за вештерката која зборува за еден антрополог, кој го посетил градот со намера да пронајде жена која може да му ја тргне клетвата. Наишол на слаба старица која ја викале „La Cattre“ и помислил дека можеби токму таа ќе му помогне. По некое време, тој и неговиот истражувачки тим следеле жртви на мистериозни несреќи. Баш затоа Колобраро станал познат и како дувло на вештерки.

Една од правнуките на оваа „вештерка“, која работи во туристичка организација на градот истакнала дека нејзината прабаба не била вештерка, туку само стара дама која изгледала како што некогаш изгледале вештерките.

- Чудни работи се случуваат само на оние кои не мора да живеат тука, туку да веруваат во лоши знаци и лоши случки, рекла внука и.



Бидејќи Италијанците се суеверен народ, сите овие приказни ги убедиле дека ова место е многу несреќен град, а мажите од соседните села имаат и невообичаена традиција кога се приморани да го посетат – се чешаат по своите гениталии, со цел да се заштитат од лошите укори.

- Овде нема зло, ни завидуваат бидејќи нашиот град е атракција, а луѓето се празноверни. Морате да го посетите градот и да ја почувствувате енергијата. Сместен е на врв на брдо, покрај море и има прекрасна панорама, изјавил еден жител на градот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби