Владимир Саздовски, оперски пејач

Под туш правам солистички концерт

Владимир Саздовски(бас), средното музичко училиште го завршил во Скопје во класата на проф. Милка Ефтимова. Дипломирал соло пеење на Музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија во класата на доц. Нико Исаков. Учествувал на мајсторски часови, мастер курсеви и бил на дообука во Австрија. Пред пет години дебитирал на сцената на Македонската опера и балет во операта „Волшебната флејта”. Од пред седум месеци работи како хонорарен професор по соло пеење во средното музичко училиште ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј“ – Скопје. Од денес дебитира како гостин во ИДИВИДИ.

Како си дали беше на одмор како си помина?

Одлично се чувствувам во овие топли летни денови. Јас сум човек кој го сака летото па токму затоа и лесно се прилагодувам на високите температури. Обожавам вода,сонце и уживање со освежителен пијалак. Она кое што го прави летото омилено годишно време за мене е мојата голема желба за нуркање, ловење риби,октоподи...па токму затоа внимавам при изборот на дестинација за одмор. Сакам карпести плажи со бистра вода и навистина уживам во длабочините. Годинава бев на островот Закинтос. Островот вистински пулсира со посебна енергија која треба да се доживее.

Пред нас е новата сезона. Гледајќи наназад каква сезона имаше, што можеш да одвоиш?

Оваа сезона за мене беше исполнета со работни обврски. Од јануари па до крајот на мај настапив на повеќе проекти кои ги организираше македонската опера и балет. Само за Мајските оперски вечери пеев во 4 опери: Моцартовата Дон Џовани, Турандот од Пучини и Вердиевите Бал под маски и Аида. Мајските оперски вечери се одличен проект кој покрај напорна работа и проби дозволува и запознавање со гостите од различни земји кои настапуваат. Па по успешно изведена опера има и дружење до сабајле. Она коешто би го одвоил и коешто претставуваше голем предизвик за мене е улогата Лепорело. Станува збор за обемна улога која навистина бара напорна работа. Со оваа улога настапував на отворањето на мајските оперски вечери во операта Дон Џовани од Моцарт. Ликот на Лепорело е интересен, динамичен и вокално специфичен па носи голема одговорност со себе. Добро се пронајдов во овој лик па можам да кажам дека ми стана еден од омилените.

Што те очекува од есен?

Почнувам повторно со моите ангажмани во средното музичко училиште каде работам како професор по соло пеење, а во ноември месец имам две опери во Македонската опера и балет за кои набрзо ќе почнат пробите.

Од каде љубовта за класичната музика? Некој ти наметна или не?

Во моето семејство никој не се занимава со музика, но сите се љубители на изворната македонска музика. Јас уште како мал сум присуствувал на собири каде се пеела македонската народна песна, но кога на телевизија ќе слушнев опера тоа некако повеќе ме примамуваше. Целиот тој декор, костими, оркестар, публика кај мене будеше некое поинакво чувство. Имав голема желба еден ден да бидам дел од таа сцена и навистина многу ми е драго што успеав во тоа.

Која ти е досега омилена улога?

Имам настапувано во многу опери. Секоја од нив си носи своја убавина. Како моја омилена улога би ја издвоил улогата на Дулкамара во Љубовен напиток и Лепорело во Дон Џовани. Тие се еден вид на комични улоги кои во себе содржат голема сериозност. Многу се подвижни и во пеењето и во самата актерска игра. Јас на сцена сум многу енергичен и мислам дека и такви улоги сега повеќе ми прилегаат.

А, во однос на авторите и оперите во целина?

Омилен композитор ми е Џузепе Верди и Џакомо Пучини. Нивните опери изобилуваат со убави арии и хорски делници. Не би можел да издвојам некоја посебна опера сите имаат посебна убавина но имам неколку омилени како што се Турандот, Дон Карлос, Трубадур, Бал под маски и други.

Како реагираат твоите најблиски другари со оглед на фактот што електронската е многу послушана од класичната музика?

Во нашата држава професијата оперски пејач е многу ретка и несвојствена за млади луѓе. На почетокот кога се запишав во средното музичко училиште моите другари реагираа малку поинаку на мене. Секогаш кога ќе ме видеа го преправаа гласот како оперски пејач и ми зборуваа мелодично, меѓутоа како што поминуваат годините на мое големо задоволство имам другари кои многу често се дел од првите редови на некоја опера. На почетокот поради мене за да ме гледаат, а сега им станува интересно и се јавуваат за гратис карти, хаха.

Како и сите млади и јас одам во дискотеки и лудувам на клупската музика.

Свесен си дека твојата младост и искуство ја приближува операта и до помладите. Колку си задоволен од нивото на публиката кај нас и колку операта е посетена?

Да, тоа е еден голем фактор за слушаноста и прифатеноста на оперската музика од помладата популација. Во последниве години на македонската оперска сцена се појавија повеќе млади и талентирани пејачи кои со себе донесоа и нова публика. На мене ми е многу мило што е тоа така, бидејќи до скоро кај нас салата беше исполнета со повозрасна публика. Се надевам дека од година на година помладата публика ќе биде се побројна на настани на кои што се изведува класична музика.

Како подготвуваш улога? Сакаш изолираност или сакаш да споделиш мислење со некого?

Операта е тимска работа. За една опера да изгледа убаво е потребно многу работа. Подготовката на една улога не е едноставна. Прво треба да се научи текстот и музиката а тоа го правам со корепетитор(пијанист). Со него се поминува целата оперска партија додека не се запамети музиката и текстот. Сугестии се секогаш добредојдени, дали за текст, фраза или ред други ситници. Откога ќе се заврши таа фаза се преминува на сценското поставување на операта. За тоа е задолжен режисерот. Тој ја одредува актерската игра за секоја улога и се разбира од изведувачот останува сето тоа да го пренесе најдобро што може. Една опера во зависност од големината на улогата се подготвува и до два месеци. Во текот на подготовките последниот месец се режисерските проби и пробите со диригент. На секој крај на пробата се сумираат сите грешки.

Приватно што сакаш да слушаш?

Обожавам да слушам рок музика и често знам да откачам на рок свирки.

Која е твоја неостварена амбиција?

На повеќето пејачи сон ни е да настапиме во престижните оперски куќи како што се Миланска скала, Метрополитен опера и Штад опера во Виена. Јас би сакал мојот омилен Филип од Дон Карлос да го испеам во Метрополитен опера во Њујорк.

Дали вечерта пред претстава одмораш имаш некој ритуал или шеташ?

Па обично пред претстава се одмарам и порано си легнувам. Гласот е многу нежен инструмент кој треба да се негува. Многу зборување штети на гласот па претпочитам да сум дома и да молчам.

Кога се тушираш дали пееш, хаха?

Најчесто под туш правам солистички концерт, хаха. Јас живеам во зграда така што кога ќе се погодиме неколку соседи во исто време под туш, од солистички концерт прераснува во еден одличен хорски туширачки состав.

И. Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби