Бијонсе ја лажира бременоста и краде спотови?!

Откако Бијонсе објави дека е трудна, се појавија сомнежи дека популарната пејачка ја лажира големината на стомакот. Многумина почнаа да се прашуваат што е со нејзината бременост, особено откако пејачката викендов се појави во австралиската емисија Sunday Night HD.

На снимката, пејачката влегува во студиото и во моментот кога седнува во фотелјата спроти водителот, нејзиниот стомак се „прекршува“ на средина и целосно се спушта надолу. Ова го покрена прашањето дека Бијонсе можеби повторно носи лажен стомак, односно протетички.

Веќе извесен период се шират гласини дека пејачката и нејзиниот сопруг Jay-Z најмиле сурогат мајка да им го роди првото бебе.

Портпаролот на Бијонсе ги отфрли шпекулациите дека ѕвездата ја лажира бременоста, окарактеризирувајќи ги ваквите тврдења како „глупави, смешни и лажни“.

Продажбата на четвртиот студиски албум „4“ драстично порасна откако пејачката јавно објави дека го очекува своето прво дете. Иако е бремена Бијонсе се чини како да работи на фабричка лента, а секој пат кога нема инспирација за својата музика, пејачката посегнува по нешто што е веќе видено, поради што во последно време ја обвинуваат за плагијат.

Последна во низата обвиненија се однесува за спотот на песната Countdown, а најпопуларната белгиска кореографка Ан Тереза де Керсмекер тврди дека во видеото се „украдени“ нејзините танчерски движења и оти никој од тимот на Бијонсе не побарал дозвола да ја прекопираат кореографијата.

- Не сум лута, но ова е плагирање и крадење. Многу дрско што не се ни потрудија да ја скријат кражбата, веројатно мислеле дека сè им се може затоа што станува збор за славна личност, Де Керсмекер.

Режисерката на спотот на Бијонсе призна дека на пејачката и однела неколку снимки од европски кореографии и оти потоа бирале што ќе употребат.

Освен овие обвиненија за плагијат, откриено е дека настапот на Бијонсе на Billboard Music Awards е украден од италијанската пејачка Лореле Кучарини, а проблематична е и најавата за спотот Love on Top бидејќи ентериерот во видеото е идентичен со оној во If it isn't love на групата New Edition.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе се жали за своето работно место.
- Не можам веќе да издржам, ме отекоа, само нешто ме прашуват.
- А што работиш?
- На шалтер за информации.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1542.- Папата Павле Втори донесе одлука за...
1798.- По победата на битката кај пирамидите,...
1898.- Во Оук Парк, во државата Илиноис, е роден...
1940.- Во Литва, Летонија и Естонија е...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби