Научниците потврдија: Ова се најсмешните вицови

Истражувачите од Универзитетот во Оксфорд се фрлија на мошне интересна задача, да ги пронајдат петте најсмешни вицови. Но, со оглед на хуморот на Британците, проценете самите колку се смешни.



Полжав со став

Мажот седи во соба кога во тој момент некој тропа на врата. Ја отвора вратата и гледа полжав. Го зема и го фрла далеку во дворот. По три години повторно тропа некој на врата. Тој ја отвора вратата и го гледа истиот полжав кој луто му вели: Добро, што беше тоа однесување?

Дух и идиот

Три пријатели заглавиле на пуст остров и наоѓаат ламба со дух, кој им ветил дека на сите ќе им исполни по една желба. Првиот посакал да го врати дома и вториот исто така. А третиот рекол: Осамен сум, врати ми ги пријателите.

Момче и бербер

Момче влегува во берберница, а берберот му шепнува на муштеријата: Ова е најглупото момче на светот. Сега ќе ти покажам.

Берберот во левата рака зема пара од 10 марки, а во десната кованици од две марки, а потоа го прашува момчето: Кои ги сакаш?

Момчето ги зема кованиците и излегува.

- Што ви кажав? Малиот никогаш нема да научи, вели берберот на своите муштерии.

Кога муштерија излезе од берберницата го здогледало момчето како излегува од продавница за сладолед и му вели: Мали, зошто ги зема кованиците, а не 10-те марки?

- Затоа што оној ден кога ќе му ги земам 10-те марки, играта ќе заврши, задоволно одговорило момчето, лижејќи сладолед.

Еден во милијарда

Кина има над милијарда жители. Милијарда! Тоа значи дека таму дури и ако си „еден во милион“, постојат уште барем илјада исто како тебе.

Трка со мечка

Двајца планинари шетаат по шумата, кога ги догледува мечка на оддалеченост од 50 метри. Мечката тргнува по нив. Еден од планинарите брзо од ранецот извадил патики и почнал да ги облекува, додека другиот му вели: Што правиш? Патиките нема да ти помогнат да си побрз од мечката?

- Важно е да сум побрз од тебе, одговорил тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби