Златен совет за сите што имаат лош работен ден

На сите ни се случило да имаме лош работен ден и да посакаме да бидеме на некое друго место, наместо на работа.

Но, дали денот е навистина толку лош колку што мислиме?

Секогаш кога имате „Ја мразам својата работа“ ден....

Одете во аптека, во делот за топломери и побарајте ректален топломер од Johnson & Johnson. Бидете сигурни дека е од овој бренд.

Кога ќе пристигнете дома, заклучете ги вратите, тргнете ги завесите и исклучете го телефонот за да не ве вознемируваат.

Облечете во комотна облека и седнете на својата омилена столица. Отворете го пакувањето и извадете го термометарот. Внимателно ставете го на масата за да не се оштети.

Од тука започнува забавниот дел.

Извадете го упатството и внимателно прочитајте го. Ќе забележите дека во еден мал дел пишува:

-Секој ректален термометар од Johnson & Johnson е лично тестиран и потоа дезинфициран.

Потоа затворете ги очите и повторете 5 пати на глас: Пресреќен сум што не работам во одделот за контрола на квалитет на термометри во Johnson & Johnson.

Вистина или  добра шега, а можеби  некој сака да ви помогне да ја засакате вашата работа или да заборавите на лошиот работен ден.

За волја на вистината сајтот Snopes.com спроведе истрага, купувајќи ги сите модели на термометри од оваа компанија. Во ниту едно упатство за употреба не стои дека термометрите се лично тестирани „personally tested“ - туку дека станува збор за процедура со која се врши прецизно калибрирање „calibrated for accuracy“ во посебни комори со точна, позната температура. Термометрите кои  ректално се тестираат како контролен примерок од друга личност, забрането е истите да се пуштат во продажба.

Доколку користите ректален термометар, веруваме сега ви е полесно, барем  знаете дека тој  не „ѕирнал“ на друго место, пред вие да го употребите. Дали оваа шега ви помогна да го заборавите лошиот ден на работа не знаеме, но секогаш имајте на ум дека и од лошото има полошо.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби