Детали од договорот за старателство на Бред Пит и Анџелина Џоли

Американски Суд го одобри договорот меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли за старателство над нивните деца.

Со договорот се предвидува актерот редовно да се тестира на дрога и алкохол, а децата со него нема да ги минуваат празниците, доколку тоа не го сакаат.

Според судскиот документ, Џоли го задржува старателството над шесте деца. Во договорот е предвидено да се формира тим од петмина експерти кои ќе бидат задолжени за следење на менталното здравје на семејството.

Пит и натаму ќе има договорени посети на терапевт со децата, при што интересите на децата ќе бидат секогаш на прво место. Освен редовното тестирање на дрога и алкохол, Бред ќе треба секоја недела да посетува и индивидуална и групана терапија. Децата исто така, ќе одат на индивидуални советувања.

- Бред Пит доброволно се согласи да прави тестови на дрога и алкохол. Меѓутоа, сега кога судија ги потпиша документите тоа стана задолжително, изјави извор близок до актерот.

Истиот извор уште открива дека Бред не ги видел насамо децата уште од инцидентот во авионот, кога тој имаше жестока расправија со најстариот син.

- Анџелина не се одвојува од децата по инцидентот во авионот. Иако се уште не го заврши својот филм, беше со нив цело време за да биде сигурно дека се добро, пренесува магазинот ЕТ.

Договорот може да биде променет доколку Пит одлучи да поднесе жалба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби