Вистината за Дајана: Брак без секс и страсна врска со фатален крај

Недела (6 август) е денот кога британската јавност, а воедно и светот ќе ги дознае пикантните детали од животот и смртта на принцезата Дајана. Дваесет години по нејзината смрт, Channel 4 ќе емитува документарец за Лејди Ди во кој принцезата зборува за својот љубовен живот, како и за пропаднатиот брак со принцот Чарлс.

Според оние кои работеа на документарецот во тајните ленти Дијана открива дека таа и Чарлс немале секс цели 7 години, а воедно и дека принцот Филип го подржувал синот да ја изневерува сопругата со тоа што му дозволил да се врати кај Камила кога и да посака.

Дајана побарала помош од кралицата, за да си го спаси бракот, но наместо тоа добила краток одговор: Не знам што би требало да направиш. Чарлс е безнадежен случај.

Братот на принцезата Дајана, Чарлс Спенсер, веќе се обиде да го спречи емитувањето на документарецот, бидејќи на лентите таа зборува и за својата страсна афера со телохранителот Бери Манаки, со кој во 80-тите сакала да побегне од палатата. За жал бегството не беше реализирано затоа што Бери загина во 87-ма, во сообраќајна несреќа за која Дајана верува дека можеби била нарачано убиство.

Diana: In Her Own Words е снимен врз основа на снимките што ги направи професорот по дикција Питер Сетелен на принцезата, во периодот од 1992 до 1993-та година.

Во документарецот се појавува и еден од папараците кои го следеа автомобилот на Дајана онаа кобна вечер кога загина. Тој открива дека ја фотографирал принцезата во последните мигови од нејзиниот живот, но на крај ги уништил фотографиите.

Според зборовите на близок соработник на Дајана, папараците ја опколиле болницата во која била донесена.

-Скокаа по крововите, се качуваа на прозорците...На крајот моравме да ги прекриеме прозорците и да вклучиме вентилатори. Од вентилаторите ми се причини дека косата и се помести, дека е жива...

Документарецот за Дајана треба да даде јасна слика за она што се случувала далеку од очите на јавноста и да ја претстави принцезата во вистинско светло.

Според портпаролот на Channel 4 при создавањето на филмот била земена во предвид деликатноста на материјалите кои се користени и фактот дека станува збор за приватни снимки. Сепак, според каналот, објавувањето на деталите од животот и смртта на една од најсаканите принцези на Британија е од јавен интерес и треба да се сподели со јавноста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби