ХОЛИВУД СЕ КРЕНА ПРОТИВ ВАЈНСТИН

Ја силувал Аргенто и неуспешно им се пуштал на Џоли и Палтроу

Пред само неколку дена познатиот холивудскиот продуцент и филмски могул, Харви Вaјнстин, се најде во центарот на секс скандал, поради што преку ноќ доби отказ. Откако беше јавно обвинет за сексуално малтретирање, Холивуд се крена на нозе. Вајнстин очигледно ги премина сите граници, па многу познати дами од филмскиот свет започнаа да откриваат детали за неговото развратно однесување низ годините.

Меѓу првите кои проговорија за своите искуства со Вајнстин беше Ешли Џад која изјави дека неколку пати била повикана во неговата хотелска соба за „масажа“. Нејзината колешка, италијанската актерка Асиа Аргенто пак потврди дека ја силувал.

-Не сакаше да запре. Тоа беше кошмар, раскажува Аргент и додава дека по нападот ја барал со месеци и и испраќал скапи подароци.

На листата на малтретирани жени се најдоа и Анџелина Џоли и Гвинет Палтроу. Додека Анџелина вешто го одбегнала и одбила повторно да соработува со него, Гвинет го замолила Бред Пит, со кој во тој период била во врска, да го реши проблемот.

-Сега е време жените да испратат јасна порака дека готово е со таквото однесување. Овој начин на третирање на жените мора да престане сега!, вели Палтроу.

Досега 13 жени го обвинија продуцентот за сексуално малтретирање, а три од нив и за силување. Мира Сорвино и Розана Аркет се едни од оние кои откако ја одбиле непристојната понуда за секс, имале проблеми во кариерата и не можеле да добијат улога.

Легендарната Мерил Стрип, која во текот на својата кариера повеќе пати соработуваше со Вајнстин, јавно го осуди однесувањето на продуцентот велејќи дека жените кои застанале против него се вистински херои.

Од друга страна има и такви кои сметаат дека Вајнтин не направил ништо лошо. Дизајнерката Дона Каран ја разбесни јавноста со својата изјава дека можеби жените сами си го барале тоа што го добиле. По лавината критики, Каран објасни дека изјавата и била извадена од контекст.

Портпаролот на Вајнстин ги негираше обвинувањата за силување и истакна дека немал односи со ниту една жена на сила.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби