Мојот најголем сон е реализиран! Ќе имаме бебе!

По месеци исполнети со најразлични шпекулации околу нејзината бременост, Клои Кардашијан конечно ја потврди вест дека го очекува првото дете со кошаркарот Тристан Томпсон. Сепак, Кардашијан не би биле Кардашијан ако во целата приказна нема нова мистерија.

Фотографијата од бременото стомаче која осамна на Instagram профилот на Клои крие уште нешто, а тоа е големиот дијамантски прстен на нејзината рака. Тоа беше доволна причина многумина да помислат дека тајно се венчала со Тристан.

-Мојот најголем сон е реализиран! Ќе имаме бебе! Чекав и се прашував, но очигледно Бог имал план сето ова време. Знаел што прави. Едноставно требаше да му верувам и да бидам трпелива. Имам моменти кога сè уште не ми се верува дека нашата љубов создаде живот. Тристан, ти благодарам за начинот на кој ме сакаш! Ти благодарам што ме третираш како кралица! Ти благодарам што направи да се чувствувам убава низ секоја фаза! Најмногу од сè ти благодарам што ме направи МАЈКА!!! Го прави ова искуство дури помагично од што можев да помислам! Никогаш нема да заборавам колку прекрасен беше во текот на сето ова време! Ти благодарам што ме направи толку среќна љубов моја!

Им благодарам на сите за љубовта и позитивните вибрации! Знам дека го држевме сето ова во тајност, но сакавме да уживаме во кругот на нашето семејство и најблиските колку што е можно подолго. Да уживаме во првите скапоцени моменти. Ви благодарам на разбирањето. Многу сум благодарна, возбудена, нервозна, желна, пресреќна и исплашена во исто време! Но, ова е најдобриот збир од чувства кои што сум ги почувствувала во текот на целиот мој живот, напиша Клои.

За само 15 минути овој пост доби речиси еден милион лајкови, а за три часа веќе имаше 4, 5 милиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби