Пријателите ме предупредија дека британскиот печат ќе ми го уништи животот

Војводата и војвотката од Сасекс, за прв пат јавно проговорија за тоа како ја доживуваат медиумската хајка од британските медиуми, а воедно и за реалноста на односот помеѓу принцовите.

Во документарецот на ITV, насловен Harry & Meghan: An African Journey’, Меган призна дека била мошне наивна во однос на британскиот печат и воопшто не верувала во предупредувањата од своите пријатели.



-Моите британски пријатели, веруваа дека Хари е прекрасен, но ме советуваа да не бидам со него затоа што британските таблоиди ќе ми го уништат животот. Бидејќи сум Американка, многу наивно не сфатив што сакаа да кажат. Комплицирано е...Никогаш не мислев дека ќе биде лесно, но мислев дека ќе биде фер и тоа всушност е делот со кој што е тешко да се помирам, изјави Меган.

-Долго време му велам на Х (така го нарекувам)...Не е доволно само да преживуваш, нели? Тоа не е поентата на животот. Треба да напредуваш, да се чувстуваш среќен, додаде војвотката.



Во истиот документарец принцот Хари отворено зборуваше за својот однос со принцот Вилијам.

-Како дел од оваа улога, од оваа работа и од притисокот со кој што се соочува ова семејство, неизбежно е да се случуваат некои работи. Но, видете...Ние сме браќа, секогаш ќе бидеме браќа. Во моментот сме на различни патишта, но јас секогаш ќе бидам тука за него и како што знам, тој ќе биде тука за мене. Не се гледаме толку често како порано бидејќи сме зафатени, но го сакам и повеќето од работите меѓу нас се создаваат од ништо. Како браќа имаме добри денови и лоши денови, вели принцот, со што делумно потврди дека имал несогласувања со принцот Вилијам, но не од размери кои ги објавува британскиот печат.

Интервјуто на славната двојка предизвика поделени реакции во јавноста. Некои застанаа во одбрана на Меган и Хари, додека други ја оценија нивната реакција како патетично жалење, со оглед на тоа дека се дел од кралското семејство и имаат привилегии кои што другите луѓе ги немаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби