Ѕвездата од реалните шоуа и активистка за човекови права, Ким Кардашијан на Твитер се пофали со најубавиот роденденски подарок што досега од добила од својот сопруг.
Имено, се работи за еден милион долари што раперот Каније Вест ги подари во хуманитарни цели, но во нејзино име.
Ким веќе неколку дена го слави својот 39ти роденден. Изминатиов викенд, таа се забавуваше со своите сестри во Палм Спрингс, Калифорнија, забава која ја сподели и со обожавателите на интернет. А пак, синоќа уживаше во семејна вечера во нејзиниот дом.
Донацијата, инаку, е наменета за каузата за која Ким со години се залага – реформа на затворскиот систем во САД.