Хајди Клум со години наназад е кралицата на Ноќта на вештерките, епитет кој го доби поради своите неверојатни трансформации.
Сепак, она што го приреди оваа година несомнено ги надминува сите нејзини претходни маски. Германскиот супермодел ги шокираше гостите на традиционалната забава, која ја приредува по повод празникот, откако се појави во импресивен и мошне страшен костум на хуманоиден вонземјанин.
Клум ги почести своите обожаватели на социјалните мрежи со фотографии и видеа од целата трансформација, додека цел тим на професионалци работеа на нејзиниот изглед.
Она што е уште поинтересно е фактот што подготовките за маската се одвиваа во излогот на Amazon продавница во Њујорк, па оние најљубопитните имаа уникатна можност да погледнат одблизу како изгледа сето тоа.
#heidiklumhalloween2019 #heidiklumhalloween
Posted by Heidi Klum on Thursday, October 31, 2019
Still here 😳#heidiklumhalloween2019 #heidiklumhalloween
Posted by Heidi Klum on Thursday, October 31, 2019