Повторно вљубен: Дали Кијану Ривс конечно ја пронајде вистинската?

Кијану Ривс важи за еден од омилените актери во Холивуд, а со тоа и еден од најпожелните ергени од светот на шоу бизнисот.

Сепак, кога станува збор за неговиот приватен живот, актерот ретко се експонира пред камерите. Можеби затоа неговиот потег да зачекори на црвениот тепих со партнерка, после декади поминати сам, доби огромни пофалби кај неговите обожаватели.



Жената која го освои срцето на Кијану е неговата соработничка, Александра Грант (46). Ривс и Грант, кои присуствуваа на LACMA Art + Film настанот во Лос Анџелес, не се одделуваа еден од друг, а папараците ги уловија и во интимна прегратка.

Тие се познаваат со години и многупати досега соработуваа на различни проекти. Сепак, ова е прв пат како се појавуваат во јавноста како пар.

Најголемата љубов во животот на Кијану беше сега покојната Џенифер Сајм, која загина во сообраќајна несреќа во 2001-ва на 28-годишна возраст. Парот пред несреќата очекуваше девојче, но за жал детето се роди мртво.

По смртта на Сајм, актерот поминa долго време сам, а во една прилика изјави дека тагата е нешто што менува форма, но не престанува да постои.



-Можеш само да се надеваш дека тагата ќе се трансформира и наместо да чувствуваш болка и конфузија, ќе бидеш заедно со личноста во спомените, каде ќе има утеха и задоволство, а не само загуба, изјави тој.

По фотографиите со Александра изгледа дека после долго време, Кијану конечно е подготвен за нова етапа во неговиот живот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби