ФОТО: Анџелина Џоли се разголи за Harper`s Bazaar

Анџелина Џоли повторно е во центарот на вниманието, но не поради разводот со Бред Пит, што полека, но сигурно се финализира, туку поради интервјуто за Harper's Bazaar.



Познатата актерка, освен што се разголи за декемвриското издание на магазинот, отворено зборуваше за нештата кои најмногу ги цени, за емотивните рани, а воедно и за сето она што сака да го сподели со светот како моќна порака за претстојната 2020-та година.

-Моето тело помина низ многу нешта во последната декада, особено во последните 4 години и поради тоа имам видливи и невидливи лузни. Потешко се справувам со невидливите. Животот има многу пресврти. Понекогаш ќе биде повреден, ги гледаш оние што ги сакаш во болка и не можеш да бидеш слободен и отворен како што посакува твојот дух, објаснува таа.



Запрашана дали идејата за совршена мајка и сопруга која им се наметнува на денешните жени е опасна, Џоли е категорична дека ставањето етикети на луѓето не може да се нарече слобода.

-Најмногу ги вреднувам разликата и различностите како кај моето семејство, така и во другите луѓе. Не сакам да живеам во свет каде што сите се исти и верувам дека тоа е така за сите кои го читаат ова. Сакам да запознавам луѓе кои претходно не сум ги запознала и да учам нешта кои не ги знам. Предизвикот на денешницата е да ги прифатиме нашите разлики.



Нејзиниот сон за 2020-та е сите да се потсетат кои се без разлика на околностите и без разлика на сето она што ги спречува да бидат слободни.

-Ако чувстувате дека дека не го живеете животот во потполност, обидете се да откриете што или кој ве спречува да дишете. Откријте и борете се против тоа. Тоа нешто има различни форми и за секого е различно, вели Џоли и потенцира дека -„Ако никој никогаш не се побуни, ништо нема да се смени“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби