Марко Новески го изеде ајварот во првата епизода на „Машки свет“

Официјално е! Во понеделникот започна проектот „Машки свет“, најновата емисија со уникатна и оригинална содржина наменета „за мажи“?!

Емисијата е конципирана да има најразлични содржини, од гостувања на познати личности и нивната дегустација на екстремно лутите ајвари, до совети на стил и начин на живот преку вежбање и исхрана. Сега може да се дознаат сите финеси при избирањето на облеката, кој колку ќе го јаде од 1 до 10, но и по нешто за здравје и фитнес.

-Кога го чув концептот за емисијата, веднаш се пронајдов. Ми се допаѓа свежината која е предвидена да се внесе во медиумскиот етер и затоа прифатив за прв пат да учествувам во проект кој ќе се емитува на социјалните мрежи и YouTube. Мислам дека емисијата ќе понуди разноврсност од содржини, во кои секој еден ќе може да се пронајде, изјави водителот Димитар Атанасовски

Во првата епизода од #ЌеГоЈадеш на Димитар Атанасовски друштво му правеше ТВ и радио водителот Марко Новески кој машки издржа до најлутиот ајвар.

Иако „Машки свет“ само што започна, веќе утре, среда, ќе ја извадат втората епизода. По тоа што можевме да видиме од првата, сигурни сме дека нѐ очекува нешто многу уникатно.
Самата емисија објавува епизоди секој понеделник, среда и петок. Тие се поделени во неколку концепти каде во понеделник ќе се објавува #ЌеГоЈадеш, во среда во #МашкиСвет ќе гледате нешто повеќе за lifestyle и петок за здравје и фитнес во #ПодоброЗдравје со Жарко Батиќ.

Автори на емисијата се Ненад Пантовиќ и Крис Поповски, продуцент е Синиша Илијевски, а во улога на водители се појавуваат Димитар Атанасовски и Жарко Батиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби