Полански: За сè е виновен Харви Вајнстин

Филмскиот режисер Роман Полански пред извесно време беше обвинет од уште една жена за силување. По тој повод, тој порача дека „медиумите сакаат од него да направат чудовиште” и дека за сè е виновен холивудскиот продуцент и сега веќе осуден сексуален напасник – Харви Вајнстин.



Полански во интервју за „Пари мач“ изјави дека другиот филмаџија „му налепил етикета“ како „силувач на деца”, за неговиот филм „Пијанист” да не освои „Оскар“ 2003 година, на сметка на оскаровскиот „Чикаго“, во кој удел имаше токму Вајнстин.

Инаку, Полански во 1978-ма пред американските судски органи призна незаконит полов однос со малолетничка. Но, ги отфрла новите обвинувања дека е силувач. Тој го негира тоа дека 1975-та година ја силувал и претепал тогаш 18-годишната француска фотографка, модел и актерка Валентине Моние.

– Не удирам жени!, нагласи режисерот.

Моние во периодот на премиерата на новиот филм на Роман Полански – „Офицер и шпион” (An Officer and a Spy) ја објави својата приказна.

– Тој (Вајнстин) го ископа случајот со Самта Гејмер, тогаш стар 26 години. Неговиот агент беше прв кој ме нарече силувач на деца… Јас сум навикнат на лаги, „дебелокожец“ сум. Но, на моето семејство тоа тешко му паѓа. Секако, тоа е моја одговорност. Направив грешка во 1977-ма, а моето семејство половина век подоцна ја плаќа цената, вели Полански.



Натаму, тој ги нарече медиумите „неверојатно насилни”.

– Се закачуваат за секое лажно обвинување, без обѕир колку е тоа апсурдно, оти така повторно можат да „ја ископаат“ приказната од 1977-ма година.

Полански е непожелна личност во Холивуд. Живее во Франција и не доаѓа во САД за да не биде уапсен. Исфрлен е од американската Академија на филмски науки и уметности. Французите пак, го сакаат и го бранат. Неговиот нов филм за три седмици прикажување го погледнале милион и пол луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Како најлесно да убиешној?
-Избламирај го на асфалт.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1762. - Умре Џемс Бредли, англиски астроном. По...
1793. - Во Париз е убиен Жан Пол Мара, познат...
1837.- Кралицата Викторија Прва, како прв...
1930.- Во главниот град на Уругвај почна Првото...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби