Хари и Меган го објаснија својот чекор: Немавме избор!

Меган и јас тргнуваме во непознато, но навистина немавме избор, рече принцот Хари во првото обраќање во јавност по најавата за повлекување на двојката од службените должности во британското кралско семејство.

– Сакам јасно да порачам дека Меган и јас не заминуваме никаде, нагласи принцот синоќа во Лондон во говор на добротворна вечера во организација на Сентебале, организација за помош на децата од Јужна Африка кои се болни од СИДА, чиј коосновач е самиот тој.

– Обединетото Кралство е мој дом и место кое го сакам и тоа нема да се промени, додаде тој.

Двојката пред извесно време на Твитер објави дека „ќе се повлече од позициите на високи членови на кралското семејство и ќе настојуваат да бидат финансиски независни“.

– Можам да замислам што се сте слушнале и можеби читале во изминатите недели. Затоа сакам да ја слушнете висината од мене, колку што можам да ја поделам со вас – не како принц или војвода, туку како Хари, рече тој.

– Секогаш ќе имам најдлабока почит кон баба ми, мојот врховен командант, истакна тој.

– Се надевавме дека и понатаму ќе можеме да и служиме на Кралицата, Комонвелтот и на моите воени здруженија, но без јавни пари. Тоа, за жал, е невозможно, рече Хари.

– Се помирив со тоа, знаејќи дека тоа нема да влијае на мене ниту како на личност, ниту на мојата посветеност. Кога јас и Меган се венчавме, бевме возбудени, полни со надеж и подготвени да служиме. Затоа многу ми е жал што заврши вака. Мојата одлука сопругата и јас да се повлечеме не беше лесна, додаде тој.

Хари рече дека на одлуката и претходеле месеци разговори и години предизвици.

– Знам дека не правев секогаш се како што треба, но во однос на ова, навистина немаше друг избор, заклучи принцот.

Според договорот постигнат со кралицата Елизабета и високи членови на кралското семејство, двојката повеќе нема службено да го претставуваат монархот. Од пролет повеќе нема да ги користат кралските титули и ќе се повлечат од должностите, вклучувајќи ги и воените. Ќе ги задржат приватните покровителства и членства во здруженија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби