Откако папараци фотографии снимени во Канада излегоа во јавноста, принцот Хари и Меган Маркл се заканија со тужба. Маркл е сликана во парк на Островот Ванкувер, со својот син Арчи. Меѓу британските медиуми кои ги објавија фотографиите е и „Дејли мејл“.
Адвокатите на британската двојка тврдат дека Маркл не дала согласност да ја фотографираат и дека фотографите се обиделе недозволено да снимаат внатре во имотот на Хари и Меган на канадскиот остров.
Канадските правници коментираат дека сликите се направени незаконски, со нарушување на приватноста на принцот Хари и неговата сопруга.
Меган со својот син пристигна на Ванкувер кусо откако тие двајцата на 8 јануари објавија дека се повлекуваат од своите кралски должности, додека Хари им се придружи вчера.