Пилотот на хеликоптерот во кој загина Брајант бил предупреден дека лета прениско

Пилотот на хеликоптерот во кој загина кошаркарот Коби Брајант, неговата 13-годишна ќерка и уште седум луѓе, бил предупреден дека лета опасно ниско пред да се урне во брдата во Калифорнија, со брзина од речиси 300 километри на час, јави „Њујорк Пост“.



– Се уште сте прениско за летање по вакво време, му било кажано на пилотот на хеликоптерот, што е регистрирано на аудиоснимка од контролната кула.

Извори од воздухопловни кругови изјавиле дека времето во околината на Лос Анџелес, каде се случи несреќата, било многу магливо и оти повеќето хеликоптери биле приземјени.

Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот Бурбанк, но кружел околу 15 минути чекајќи дозвола за слетување поради лошите временски услови и други летала кои требало да слетаат на аеродромот.

Кусо време пред несреќата пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа се урнал на висина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажуваат дека брзината на хеликоптерот била речиси 300 километри на час.

Извор за „Њујорк Пост“ изјави дека хеликоптерот на Брајант имал два мотора и дека не би се урнал ако му откажал едниот мотор.

– Ваквите несреќи се случуваат затоа што пилотот губи чувство во просторот. Со оглед на остатоците на местото на несреќата, изгледа дека се удриле во планината со предниот дел од хеликоптерот, вели изворот.



Тој додаде дека хеликоптерот на Кобе бил стар 20 години, а станува збор за типот Sikorsky S-76. Со таквите хеликоптери најчесто управуваат двајца пилоти, но вчера со леталото управувал само еден пилот.

– Веројатно летал потпирајќи се на она што го гледа, а не на инструментите кои ја надгледуваат висината на летањето.

Иако причината за падот на хеликоптерот се уште се истражува, причината би можело да биде лошото време.

Метеорологот на Си-Ен-Ен Мајкл Гај рече дека во моментот кога паднал хеликоптерот, видливоста била многу лоша. Имало многу магла.

– Влажноста на воздухот била 100 проценти, а тоа значи дека воздухот бил како супа, рече тој.

Лошите временски услови ги потврди и полицијата на Лос Анџелес.

– Временските услови во неделата претпладне не ги задоволуваа минималните услови за летање пропишани од полицијата на Лос Анџелес, изјави за Си-Ен-Ен полицискиот портпарол Џош Рубенстајн.

Шерифот на округот Лос Анџелес Алекс Вилануева изјави дека истрагата би можела да трае со недели. Воведена е забрана за летање на подрачјето каде што се случи несреќата, а тоа подрачје е оградено и на земја.

Несреќата се случи во близина на станбена населба, додаде Вилануева.

– Истрагата е логистички кошмар затоа што до местото на несреќата нема добар пристап, рече тој и додаде дека многу обожаватели на Коби пристигнале на местото на несреќата што дополнително претставува проблем.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби