За светот Кирк беше легенда...За мене и за моите браќа едноставно беше тато

Холивудската легенда, Кирк Даглас, почина  на 103 години во својот дом во Беверли Хилс.

Веста за смртта на ѕвездата ја соопшти неговиот син, Мајкл Даглас, кој сподели емотивна порака на Instagram.



         - За светот тој беше легенда, актер од златната ера на филмовите кој ги живееше своите златни години, хуманитарец чија заложба за правда и нештата во кои веруваше постави стандард кон кој сите се стремиме.

         Но, за мене и за моите браќа Џоел и Питер тој едноставно беше тато, на Кетрин прекрасен свекор, на неговите внуци и правнуци сакан дедо и на својата сопруга Ен, прекрасен сопруг. Кирк имаше убав живот, ни остави филмско наследство што ќе со генерации и историја на познат филантроп кој работеше во интерес на јавноста и за мир на планетата. Ќе го завршам ова со зборовите кои што му ги кажав на неговиот последен роденден и кои секогаш ќе бидат вистина. Тато – Те сакам многу и мошне сум горд што сум твој син,
напиша Мајкл.

Веднаш по него, се огласи и неговата сопруга, Кетрин Зета Џонс која на својот Instagram профил сподели црно-бела фотографија од неа и Кирк.


     - На мојот мил Кирк, ќе те сакам до крајот на животот. Веќе ми недостигаш. Спиј цврсто...

Академијата за филмски уметности и науки објави фотографија од Кирк Даглас како Спартак заедно со една од најпознатите изјави на легендарниот актер.

        „Сакав да бидам актер уште кога бев дете во второ одделение. Имав претстава, мајка ми ми направи црна наметка и глумев чевлар. По изведбата, (татко ми) ми го даде првиот Оскар: сладолед во корнет“ – Кирк Даглас

       Збогум за холивудската легенда

Кирк Даглас во својата кариера која се траеше над 7 декади, сними повеќе од 90 филмови и се прослави како актер и продуцент. Филмовите како ,,Spartacus” и ,,The Vikings” му го донесоа статусот на една од најпознатите ѕвезди во 50-ти и 60-ти години на минатиот век. Никогаш не доби Оскар за своите филмски улоги, но во 1996-та Академијата му го додели почесниот Оскар за неговата значајна улога во филмската индустрија.

По веста за неговата смрт, холивудската елита, а воедно и многу други познати личности ги искористија социјалните медиуми за последен пат да ја поздрават филмската легенда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби