Телохранителите на Бред Пит и Мадона ќе ги чуваат Хари и Меган

Хари и Меган од денеска почнуваат со својот нов начин на живот без кралски привилегии, па веќе си избраа и лична заштита.

За нивната безбедност се грижеа телохранители од Скотланд јард. Новиот тим, што го избра двојката, го сочинуваат луѓе кои се грижеле за познати јавни личности како Бред Пит, Анџелина Џоли, Мадона и семејството на Берни Еклстоун.

Меган Маркл и 35-годишниот Хари претходно објавија дека ќе користат „приватно финансирани мерки за безбедност“ по напуштањето на Велика Британија. Но, весникот „Мирор“ вчера објави дека, наводно, „приватните телохранители“ се под агенција финансирана од британските даночни обврзници. Извори одвнатре, тврдат дека ангажираните „немаат воопшто никаква желба да работат“ за Хари и Меган.

– Никој не знае каков е планот и каде ќе се вселат времено или на долгорочен план, изјавува неименуваниот извор.

Засега Хари и Меган се наоѓаат во Лос Анџелес и американските телохранители ќе ги чинат 800 британски фунти на ден. Се работи за тим од најмногу десет лица.

Американскиот претседател Доналд Трамп, пак, пред неколку дена соопшти дека САД нема да бидат одговорни за безбедноста на брачната двојка. Нивниот портпарол на тоа одговори дека тие двајца воопшто не очекуваат американските власти да плаќаат за тоа и дека нивната безбедност ќе биде личен трошок.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби