Почина познатиот пејач и ТВ водител Драган Вучиќ

Познатиот македонски пејач, композитор и водител, Драган Вучиќ почина на 65 годишна возраст.



Според првичните информации, Вучиќ бил дијагностициран со коронавирус и поради тешката здравствена состојба хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

-Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега, напиша министерот Венко Филипче на својот FB профил и додаде дека и покрај сите напори на стручниот тим, пејачот имал многу тежок наод на белите дробови и за жал му подлегнал на вирусот.

Драган Вучиќ е роден во Скопје во 1955-та. Ќе остане запаметен како автор на „Свирете ја ‘Зајди, зајди’“, „Ангели ме носат“, „Заминува, никому ноќва не кажува“, „Кажи ѕвездо“, воедно и како еден од најпопуларните и најомилените ТВ водители. Беше водител на квизовите „Среќни луѓе“, „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“

„Макфест“ на својата официјална FB страна во сеќавање на Вучиќ ја објави песната „Свирете ја зајди, зајди“ која тој ја има компонирано.

СЕЌАВАЊЕ:ДРАГАН ВУЧИЌ. ПОБЕДНИК НА МАКФЕСТ 1992 ГОДИНА “СВИРЕТЕ ЈА ЗАЈДИ, ЗАЈДИ“ ВО ИЗВЕДБА НА ОЛГИЦА ХРИСТОВСКА.

Posted by Makfest on Monday, May 4, 2020



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби