Бар Рефаели призна дека затајувала данок и се спаси од затвор

Израелската манекенка Бар Рефаели и нејзината мајка потпишаа спогодба со Обвинителството во својата земја, со што прифатија вина за затајување данок. Сепак, супермоделот избегна затвор, па е осудена на девет месеци општокорисна работа.



Heјзината мајка Ципи Рафаели е осудена на 16 месеци затвор. Таа како агентка на ќерка сѝ, одделно затаила милион долари данок.

Освен тоа, како што соопштија израелските власти, тие двете ќе добијат и условни казни, парични глоби од по 634.000 евра, како и обврска за плаќање на данокот од над два милиона евра.

Рефаели го прикрила данокот на заработка во периодот од 2009 до 2012 година, кога живеела делумно во Израел, делумно во странство. Манекенката тврдеше дека тогаш живеела главно во странство, а тужителите велат дека тоа не е точно и дека таа не го пријавила приходот, подароците и попустите коишто ги добила додека имала живеалиште во Израел.

Во процесот, барајќи олеснителна околност според тамошните закони, девојката тврдеше дека е во блиски, „речиси семејни односи“ со својот американски пријател, актерот Леонардо ди Каприо, во чијшто дом таа често престојувала и „живеела“ во спорниот период.

Ди Каприо не сведочеше во нејзина корист. Случајот почна во декември 2015 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби