Холивудската актерка Селма Хајек не се плаши да биде видена без шминка. Сосема напротив, оваа 53 -годишна ѕвезда вели дека најубавите денови и се токму оние кога на нејзиното лице нема шминка и не мора да се гледа во огледало. Оваа недела таа ги почести своите обожаватели со уште едно селфи со кое им пркоси на годините.
-Најубавото нешто кога не носите шминка е што не размислувате на: Како изгледам без шминка? Ох, заборавив да ставам шминка. Си го живеете животот и шминката не ви е приоритет, вели Селма.
Признава дека како и секоја друга жена своевремено имала несигурности околу изгледот, но со текот на времето научила како да ги надмине.
-Кога гледам фотографии од себе во моите 30ти и 40ти години, се гледам себе си како многу поубава од што се гледав тогаш. Тогаш имав навика многу да се критикувам. Сега кога ќе се погледнам во огледало и таму има нешта кои не ги гледам, размислувам на тоа колку многу ќе се сакам себеси за 10 години, додава таа.