Емили Ратајковски е бремена

 Познатата американска манекенка Емили Ратајковски за списанието „Вог“ потврди дека е бремена, во шестиот месец, нагласувајќи дека не сакала тоа да го објави на социјалните мрежи.

– Кога сопругот и јас им кажавме на пријателите дека сум бремена, првото прашање што ми го поставија, откако ми посакаа сѐ најдобро, беше – дали знам што сакам да имам (во однос на полот)? Ние сакаме да истакнеме дека ова е нешто што нема да го знаеме сѐ додека нашиот син или ќерка не наполни 18 години и не нѐ извести за тоа, вели манекенката.

Според неа, луѓето премногу се оптоваруваат околу тие „генерализации за полот на децата“.

– Не треба никого да обвинуваме за тоа. Но, не ми се допаѓа што им наметнуваме родови предубедувања на луѓето, а уште помалку – на бебињата. Сакам да бидам мајка која ќе дозволи нејзиното дете самото да покаже. А сепак, сфаќам дека, иако се надевам дека моето дете може да си го одреди своето место во светот, ќе се соочи, без разлика на сѐ, со многу ограничувања и родови предрасуди, уште пред да може да зборува за тоа или по ѓаволите, дури и пред да се роди, нагласи таа.

Емили натаму говори и за тоа дека би требало да е немоќна кога станува збор за речиси сè што носи бременоста – како ќе ѝ се промени телото, какво ќе биде детето…

– Но, изненадувачки, овие прашања не ми пречат. Наместо страв, чувствувам ново чувство на мир и спокојство. Јас веќе учам од оваа личност во моето тело. Воодушевена сум!, додаде Ратајковски.

Таа сними и посебно видео за добрата вест, во режија на нејзината пријателка Лена Данам, кое покажува како поминале првите месеци од бременоста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби