Ким Кардашијан поднесе барање за развод од раперот Каније Вест

Реалити ѕвездата, Ким Кардашијан поднесе барање за развод од сопругот Каније Вест, по 7 години брак. Според првичните информации, Кардашијан ја ангажирала познатата адвокатка за разводи Лора Васер и побарала заедничко старателство на децата.



Ким и Каније своевремено потпишаа предбрачен договор, па поделбата на имотот и другите детали околу разделба ќе бидат регулирани согласно на договорот. Извори блиски на познатата двојка, велат дека разводот поминува во пријателска атмосфера и без поголема драма.

-Ким е одлично. Имаше убава прослава за Денот на вљубените заедно со децата и фамилија. Нема контакт со Каније. И повеќе од јасно е дека е фокусирана на иднината, велат нејзините пријатели.

Од друга страна, Каније Вест е пресреќен што неговиот развод од реалити ѕвездата нема да биде емитуван на телевизија со оглед на тоа дека шоуто „Keeping up with the Kardashians“ повеќе нема да се снима.

Кардашијан и Вест стапија во брак во мај 2014-та на луксузна церемонија, која се одржа во Италија и со години важеа за еден од најексцентричните парови во светот на шоу бизнисот. Проблемите во нивниот брак започнаа по јавните испади на Каније, во кои откри интимни детали за бракот, а воедно упати и навреди кон семејството Кардашијан. Двојката неколку пати беше уловена во жолчни расправии, од кои последната беше за време на роденденот на Ким во октомври.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби