Меган Маркл го нападна кралското семејство: Не знам зошто мислат дека ќе молчиме!

Меган Маркл не се воздржува од искрени одговори кога станува збор за кралското семејство. Вториот тизер од интервјуто со Опра, кое треба да се емитува овој викенд, покажа дека сопругата на принцот Хари нема проблем со тоа отворено да зборува за причините пораки кои таа и нејзиниот сопруг заминаа од Британија.

Запрашана како се чувствува во однос на тоа што ќе рече кралското семејство, во однос на нејзините изјави, Меган Маркл даде мошне директен одговор, кој што ја разбранува јавноста во Британија.

-Не знам како може да очекуваат дека после сето ова време, дека и понатаму ќе молчиме ако кралското семејство има активна улога во овековечувањето на лагите за нас. И ако тоа доаѓа со ризикот да загубиме некои нешта...Многу нешта веќе се загубени.

Тизерот за интервјуто дојде веднаш по веста за статијата во „The Times” каде неколку помошници на кралското семејство тврдат дека една од асистентките на Меган Маркл поднела поплака за малтретирање против војвотката. Бакингамската палата веќе излезе со соопштение дека ќе ги истражи обвинувањата.

Во меѓувреме портпаролот на Меган Маркл изјави дека војвотката е мошне растажена од ваквите тврдења.

-Војвотката е растажена поради последниот напад на нејзината личност, посебно како некој кој веќе бил мета на малтретирање и длабоко посветен на поддршката на оние кои имаат преживеано болка и траума. Таа е решена да ја продолжи својата работа градејќи сочувство низ целиот свет и ќе продолжи да се труди да постави пример за тоа што е правилно и да прави добро, стои во изјавата дадена за „People“ магазинот.



Интервјуто на принцот Хари и неговата сопруга, кое ќе биде емитувано на 7ми март доаѓа во најлошиот можен момент за монархијата. Палатата туку што објави дека принцот Филип, кој веќе 2 недели е во болница, имал операција на срцето и полека се опоравува од истата.

Двојката е под голем притисок за одложување на емитувањето на интервјуто со оглед на новонастанатата ситуација, но нивните блиски пријатели велат дека и да сакаат да го направат тоа, не можат бидејќи одлуката е во рацете на радиодифузерите кои планираат да направат милиони од емитувањето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Трпе, зошто татко ти денес беше на училиште?
- Учителката го викна за да се жали од мене.
- И што стана?
- Е па ништо, учителката ми кажа сега да ја викнам мајка ми, за да се...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
753 п.н.е.- Според преданието, Ромул го основал...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...
1509.- Умре англискиот крал Хенри Седми, основач...
1699.- Умре францускиот писател Жан Батист...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби