Шерон Стоун: Пластичен хирург ми ги зголеми градите без моја согласност

Пластичен хирург ѝ ги зголемил градите на Шерон Стоун без нејзино знаење и согласност, открива таа во својата нова автобиографска книга.



Кога актерката се разбудила по операција за отстранување на бениген тумор од градите 2001 година, како што пишува, нејзините гради  биле зголемени затоа што докторот „одлучил дека ќе изгледа подобро со поголемо торзо“.

Шерон Стоун, која е во седмото десетлетие од животот, натаму додава и дека, таа големина била „посоодветна на нејзините бутини“ – според докторот.

-Тој го смени моето тело без мое знаење и без моја согласност!, пишува таа.

Овој случај е само една од повознемирувачките приказни во нејзината книга „The Beauty of Living Twice” . Актерката раскажува за тоа како таа и нејзината сестра Кели, како деца, биле сексуално злоставувани од нивниот дедо Кларенс Лосон, со кого двете девојчиња биле затворени некое време. Лосон починал кога Шерон Стоун имала 14 години.

-Ме обзеде чудно задоволство кога тој конечно умре. Ми падна камен од срце. Ја погледнав Кели и таа разбра – таа имаше 11 години и така тоа заврши”, се потсетува Шерон.

Актерката исто така, тврди дека била измамена за да ја соблече долната облека за познатата сцена со испрашувањето, во трилерот „Основен инстинкт“. Таа пишува дека ѝ рекле дека „белата долна облека одбива светлина“ и ја увериле дека нејзината вагина нема да се гледа. Последната верзија на филмот го покажува спротивното.

Во своите мемоари, Стоун опишува и други случаи на злоупотреба од страна на мажите во Холивуд, но застанува во одбрана на режисерот Вуди Ален, со кого работела трипати. Него го опишува како „суперпрофесионалец“ со кого било „исклучително доживување“ да се работи. -Никогаш не сум имала непријатна случка со Вуди Ален, вели Стоун.

-Тој се однесуваше кон мене многу професионално. Многу ме охрабруваше… Бев млада – имав 19 години кога почнав да работам со него, нагласува таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби