Мерима Исаковиќ тврди дека пред 43 години била силувана од Бранислав Лечиќ

Во списанието „Недељник“, српската актерка Мерима Исаковиќ открива дека и таа била силувана од актерот Бранислав Лечиќ пред повеќе од 40 години.



Мерима Исаковиќ беше можеби една од најталентираните актерки во поранешна Југославија, но нејзината кариера беше прекината од сообраќајна несреќа што ѝ се случи кога имаше 21 година. Таа денес е психолог.

-Имав 18 години. Есента 1978 година. Тој ме турна во станот. Ми го соблече фустанот. ,,Не обидувај се да врескаш. Никој нема да те чуе.” Ме собори на подот. Чувствував како ме крши. Секоја коска боли. Само не вака. Те молам, Боже! Ако успее, ќе умрам вечерва. Тој ужива во мојот страв. Му го чувствувам мирисот. Како мирис на гниење. Застрашувачки поглед. Празно и црно. Очи без душа, вели таа во својот напис.

Актерката нагласува дека денес има потреба да ја каже вистината и сите внимателно да го прочитаат ова.

-Тој за малку ќе успееше да ми го уништи животот, да ми ја згасне младоста, да ме проголта како темнина. ,,Простувам”- му реков тогаш, пред 40 години. Простувам, но не заборавам. Никогаш нема да ја разбереш болката што си ми ја нанел. Повеќекратна болка. Ако некогаш слушнам дека си нанел слична болка на некого, ќе им кажам на сите што се случило. Го одржав мојот збор. Се чини, Лечиќ не го одржа неговиот, пишува Исаковиќ.



На крај, таа вели дека чувствува морална обврска да го сподели своето искуство со надеж дека ова признание ќе ја поддржи Даниела Штајнфелд и другите жртви на сексуална злоупотреба. Имено, Штајнфелд се појави во јавноста пред речиси еден месец и го откри името на човекот кој ја силувал во 2012 година – Бранислав Лечиќ.

Таа притоа беше поддржана од бројни актерки, актери и други јавни личности. Новинарката Христина Стојиљковиќ потоа ги објави пораките што ѝ ги испраќал Лечиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби