Погледнете го „Save Ralph“ краток филм за тестирањето опасни хемикалии врз животните

Зак Ефрон, Оливија Мун и други познати личности го позајмија гласот во филмската приказна за тестирањето козметички производи врз животни и штетните последиции потоа.

Иницијативата е на Холивуд и здружението ,,Humane Society International”. Тие издадоа краток цртан филм „Спаси го Ралф“, кој го прикажува просечниот ден на зајак во лабораторија за тестирање козметика.

– Овој филм предупредува на фактот дека животните и натаму страдаат, па сега е време тоа конечно да се забрани на светско ниво. Денес постојат многу други начини на тестирање кои не вклучуваат злоупотреба на животни, така што веќе нема оправдување за тортурата на суштества како Ралф за целта козметичка индустрија, рече Џефри Флокен, претседател на ,,Humane Society International”.

Гласовите ги позајмија Таика Ваитити, Рики Џервејс, Зак Ефрон, Оливија Мун, Пом Клементиф и Триша Хелфер. Спенсер Сусер го напиша сценариото и режираше филмот, а Џеф Веспа е продуцент. Тука е вклучен и стручњакот за кукли, Енди Гент, кој помогна да се создаде ликот на Ралф. Актерот Рики Џервејс „е бесен“ на пробите врз животни.

– Нема причина да капнуваме хемикалии во очите на зајаците или да им го даваме тоа како храна на стаорци, само за да правиме кармин или шампон. Науката еволуираше доволно за да ни обезбеди други методи за тестирање кои не вклучуваат животни. Мора да се запре оваа сурова практика и сега е време да се стори тоа, рече Џервејс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби