Алек Болдвин: Не го повлеков чкрапалото!

Алек Болдвин тврди дека не го повлекол чкрапалото на пиштолот од којшто беше убиена снимателката за време на снимањето на „Rust“. Ова се наведува во делови од првото негово интервју по несреќното убиство. Тоа ќе се емитува денеска, а е снимено на 21 октомври во Ново Мексико (САД).

– Видете, чкрапалото не беше повлечено. Не го повлеков, изјави актерот прашан од новинарот на „ABC“, Џорџ Стефанопулос.

– Значи, никогаш не сте го повлекле чкрапалото? Од каде „жив куршумот“ во пиштолот?, праша Стефанопулос.

– Не, не и не. Никогаш не би вперил пиштол кон некого и не би го повлекол чкрапалото. Никогаш!, одговори Болдвин.

Тој додаде дека не му е јасно како вистинскиот куршум се појавил на снимањето на филмот „Rust“. Снимателката Халина Хачинс беше убиена на снимањето на филмот, а режисерот Џоел Суза беше ранет, откако, според очевидци, Болдвин испукал пробен истрел од пиштолот.

Двајца членови на тимот покренаа граѓанска тужба поврзана со несреќата, а продуцентот и некои други лица се товарат за невнимание.

Мами Мичел во тужбата против Болдвин наведува дека, според филмското сценарио, од него не било барано да пука во таа сцена. Мичел, која повикала полиција по трагичниот настан, во тужбата тврди дека Болдвин, пукајќи од пиштол во насока на Хачинс, постапил непромислено и ги прекршил или занемарил безбедносните протоколи за муниција и оружје на сетот. Таа смета дека самиот Болдвин требало да провери дали има муниција во пиштолот и дека не требало да ја зема здраво за готово изјавата на помошникот-режисер дека оружјето е безбедно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби