Роби Вилијамс бил мета на платен убиец

Британскиот музичар Роби Вилијамс во неодамнешно интервју за „Мирор“ ја откри темната страна на славата. Имено, според неговите кажувања, тој бил цел на платен убиец.

– Никогаш не сум го кажал ова, но имав платен убиец над мојата глава. Никогаш не зборував за тоа во јавноста. Го нема никаде тоа. Имам пријатели… Тоа се работи за кои не се зборува кога ќе станеш познат, вели пејачот.

Роби (47) потоа раскажува дека во животот на големите ѕвезди, најтешко е справувањето со славата.

– Во еден миг од мојот живот бев неверојатно познат. Познат, во стилот на Мајкл Џексон. Станав популарен кога имав 17 години. На 16 бев во „момчешки бенд“, а кога имав 21, започнав соло кариера. Продадов 80 милиони албуми, го држев рекордот по бројот на продадени билети за еден ден за турнејата, истакна Роби.

Сепак, тој вели дека ѕвездите мора да се помират со фактот дека кога се познати „им се одзема“ приватноста.

– Сакам да одам на нормални места каде што не можам да одам затоа што луѓето сакаат да ме убијат. Потребно е некое време за да се помириш со тоа… Јас, на пример, имам анксиозност и не сакам да запознавам туѓинци, а туѓинците сакаат да запознаваат мене и јас сум засрамен поради тоа. Тоа е тоа што всушност ме прави вознемирен!, објасни поп-пејачот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби