Камила Кабело е новото лице на модниот бренд „Викторија сикрет“. Кубанско-американската пејачка во вторникот на Инстаграм ја сподели нејзината реклама за парфемот „Bombshell”.

-Чест ми е што сум најновото дополнување на семејството @victoriassecret –„Bombshell” и што сум дел од првата двојазична кампања на брендот! „Bombshell” значи да се прегрнеш кој си и што си и да го славиш тоа секој ден“, напиша таа покрај видеото.
Во рекламата, Кабело продолжува да говори за зборот „бомба“…Да ги поседуваш твоите желби, твоите задоволства и да уживаш во сè што има да понуди животот. Оние работи што прават да се чувствуваш одлично и да се чувствуваш радосно. Да бидеш тоа што си – во секој поглед“.