Јана Бурческа: Со денови плачев поради навредите

Пејачката Јана Бурческа во 2017 година ја претставуваше Македонија на Евросонг во Киев. Оттогаш речиси и да не пее. Денес, публиката ја препознава како водител на емисијата „Плеј топ-10“ на Македонската телевизија. Неодамна Јана се соочи со негативни коментари по домашниот Избор за песна на Евровизија кога во јавноста се пишуваше сешто за облеката што ја носеа таа и нејзината колешка Александра.



Вели, и по дванаесет години на сцената, сè уште не е имуна на навредите што ги чита за себе.

-Ќе излажам ако кажам дека ми беше сеедно. Со денови плачев по домашниот избор. Оттогаш поминаа три месеци, ама јас сум и понатаму жртва на сајбер-булинг и читам лоши и навредливи коментари, вели Бурческа за „Репортер“.

Не е првпат таа да се соочи со негативни реакции од публиката. Кога пред пет години на Евросонг преку видеоразгледницата откри дека е бремена, а потоа и нејзиниот дечко Александар ја побара за жена во живо, пред неколку милиони публика тргна лавината лоши коментари. Некои одеа и дотаму што ја навредуваа нејзината неродена ќерка.

-Тоа можам да го објаснам само со еден збор - патологија. Не знам кој би можел да навредува и проколнува неродено дете. Што е детето криво, навредувај ме мене“, вели Јана, па додава: „Не знаев дека Аце ќе ме бара за жена. Малку ми беше чудно што вечерта сакаше да носи костум, ама јас го натерав да се облече спортски. Облеката што ја носеше е на Дадар и фала му што ми го дотера момчето без јас да знам. По полуфиналето, реакциите во европските медиуми беа дека Македонија го украде шоуто, а кај нас имаше само критики, искрена е Јана.

За искуството во Киев и колку беше разочарана што не пееше во финалето, Бурческа зборува со многу емоции. Но, и за тоа како од пејачка стана водителка, дали би ставила своја песна на топ-листата што ја води за децата и за љубовта со Александар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби