Искрено со Александар Микиќ: Среќен сум со Весна, а разликата во години не ме прави постар

Александар Микиќ, театарски и филмски актер, еден од најнаградуваните кај нас, веќе 25 години е дел од МНТ. Иако прво запишал Земјоделски факултет, по една година студии им го дал индексот на родителите и им рекол: "Вие учете ова, јас отидов на глума“.

Немал отпор од нив, туку поддршка, а како дете на доктор и професорка, сепак не бил оптеретен дека мора да ги наследи нивните професии.

Улогата на Божо Вампирот во комедијата „Торонто експрес“ беше посебен предизвик, ососбно што станува збор за монодрама со примеси на стед ап. За предизвикот на улогата вели:

-За секој актер еден од најголемите кошмари е да игра комедија, а никој во публика да не му се смее. Искрено, комедијата е можеби најтешка да се игра. Тоа е момент кога треба на сите кои се во публика да им ја пренесеш енергијата и хуморот за да почнат да се смеат. Мислам дека веќе ми беше време за една ваква улога , вели Микиќ.

Со храфистката Весна, која исто така играше на филм, се заедно скоро 16 години. Љубовната приказна почнала по една забава и трае до денес.

-Весна ми е огледало на нештата. Не знае да ме излаже, па кога е во пршање некоја улога ако кај неа пројдам, знам ќе поминам секаде, искрен е актерот.

Тој е постар од Весна 15 години, ама разликата во годините никогаш не била проблем во нивниот однос.

-Ама види, староста е состојба на свеста. Србите имаат изрека, стар си колку што ти се стари децата. Моите се мали, па така што и јас сум млад, со тоа и разликата во годините не ме прави постар.

Татко е на близнците Иво и Ена. За тоа колку го променило татковство ни открива: "Прво е многу убаво, две радости одеднаш, ама друго сфаќаш дека треба да си вкрестен со октопод за да пофатиш сѐ. Сепак, татковство ме промени и ми даде храброст за многу одлуки“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби