Столе Димитриевски: И после 10 години во Шпанија кога ќе си дојдам дома зборувам кумановски

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, последниве неколку месеци беше еден од спортистите за кои најмногу се пишува во шпанските медиумите. Муабетите почнаа уште есента. Димитриевски одбрани пенал на Барселона, па каталонскиот клуб почна преговори за да го ангажира, но трансферот не успеа.



-Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор со Рајо, но сега почнува сезоната на трансфери, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на летото, вели Столе и не крие ни дека сака да брани во голем клуб за да игра на европски натпреварувања.

Од кога памти за себе, фудбалот му бил најголема љубов. Па кога го прашавме за детството во Куманово, вели: „Станував, играв фудбал, одев во школо, пак фудбал, пред да си легнам, фудбал, тоа ми се некои сеќавања“.

Неговото семејството и денес живее во Куманово. Со сестрата и родителите е многу близок иако одамна живее во странство. Тие постојано доаѓаат да го гледаат на натпреварите и горди се на неговите успеси. Столе, пак, секоја можност ја користи да дојде во Македонија за да ги види, а и тие често одат на гости кај него во Шпанија.

-За мене семејството е сè. Јас одамна живеам надвор, ама тоа го направив за да обезбедам подобар живот и за мене и за нив, искрен е Димитриевски за „Репортер“.

Не е тајна дека обожава мода, а во Шпанија неодамна го избраа за фудбалер со најмногу стил. Отсекогаш сакал да се облекува различно од другите. Има омилени брендови, но купува и скапа облека, винтиџ парчиња, и сето тоа често го комбинира со нешто старо што го носи со години. Но, кога ќе му го изгубат куферот на аеродром, првата помисла му е „само да ми се тука копачките и ракавиците“.

Со Столе разговорот нема крај. Со насмевка раскажува за тоа како го запознал својот идол Буфон, но и за Меси од кого доби на подарок специјално пиво. Тука е и приказната за Роналдо, кој се измачи во баражот за Светско, ама сепак не успеа да му даде гол на Столе.

-Знаеш, подобро ќе беше да примев гол од Роналдо, но да ги победевме Португалците, отколку што му ги одбранив сите удари. Ама па, убаво е чувството кога знаеш дека Кристијано не ти дал гол, искрен е Столе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби