Андријана Јаневска: Ни татко ми ни маж ми не се моторџии, јас за месец дена положив и си купив мотор

Андријана Јаневска повеќе од 20 години е на музичката сцена. Кога првпат настапи на Скопскиот фестивал во '98 не ни мислела дека толку долго ќе се занимава со пеење. Денес зад неа се настапи, песни, манифестации. Таа е професорка по виолина, ама ретко кој знае дека последнава години е и моторџика. Вози Хонда Сузуки. Иако на сопругот Гино, а и на татко ѝ не им се допаднала идеја, Јаневска денес вози мотор.



-Не знам ни јас како се решив. Кумот наш вози мотор, па еден ден дојде, свртевме еден круг и сфатив дека тоа е тоа. Кога одев на часовите за да полагам за мотор, во еден момент си реков, што ми е мене, ама ете адреналинот си го направи своето, открива Јаневска и додаде: „Но, јас многу внимавам и возам со 16 очи отворени“.

Не е тајна дека е љубител на формула 1.

-Од мала барав татко ми да ми дава да возам, затоа денес со страст гледам формула, открива Андријана за „Репортер“.

Oсвен возењето, голема страст ѝ е риболовот, а до скоро учествуваше на шаховски натпревари.

-Шах престанав да играм затоа што многу се нервирам. После една партија на Првенството во Струга кога скоро 4 саати игравме со еден постар господин, добив шаховско слепило и ја предадов партијата. Противникот ме фати на кондиција. Инаку љубовта кон шахот ми е од дедо ми со кого играв уште како мала, вели Андријана.

Мајка на два сина и 13 години е во брак со музичарот Димитар. Вели: „Се вљубив во него оти стално ме засмејуваше, а така е и денес. Тој е 15 години постар од мене, ама тоа никогаш не ни ги менува работите“.

Најмногу од сè ја погоди смртта на нејзината мајка, за која вели: „Не бевме ни свесни, таа почина ненадејно. Болката си ја носам во себе. Ми фали таа нејзина одлучност. Јас секогаш се колебам за работите, а таа ќе ми помогнеше да решам. Секогаш ми беше ветер во грбот”, вели Андријана.

Низ муабетот дознавме многу работи за неа. Едната од нив е дека живее со свекрвата, со која оди задно и на одмор и дека одлично функционираат.

-Види, сите ми се чудат како одам на одмор, а јас немам проблем. Кај нас дома секој си ги знае обврските. Јас го средувам дворот, Гино коси трева, свекрва ми готви ручек, искрена е Андријана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби