Бил Козби виновен за сексуален напад

Судските власти во американската сојузна држава Калифорнија, во граѓанска тужба, пресуди дека познатиот актер Бил Козби сексуално ја нападнал Џуди Хат, во вилата „Плејбој“ во Лос Анџелес во 1975 година, кога била тинејџерка. Судот му наложи на актерот-комичар и да ѝ плати 500.000 долари отштета за душевна болка по немилиот настан.



Џуди Хат сведочеше дека Козби (84) ја поканил неа и еден пријател во вилата кога таа имала 16, а тој 37 години, па ја принудил на секс.

Пресудата е донесена речиси една година по ослободувањето на актерот од затвор, кога Врховниот суд на Пенсилванија ја отфрли пресудата за сексуален напад во друг кривичен случај, поради правни пропусти.

Американскиот актер, кој лично не се појави на судењето, ги отфрли наводите од обвинението. Против оваа пресуда неговата одбрана ќе поднесе жалба, изјави гласноговорникот на Козби.

Бил Козби е можеби најпознат по улогата во семејната комична ТВ-серија „Козби шоу“ од 1980-тите, а некогаш беше познат како „таткото на Америка“ и национален пример за татковски и семеен морал и етика. Во 21. век, тој се соочи со десетици обвиненија за сексуални напади, недолично однесување и силувања кои почнале уште во 1960-тите, а се спротивни од дотогашните претстави за него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби