Рики Мартин ги отфрли наводите за семејно злоставување

Рики Мартин ги демантираше наводите за семејно злоставување во последниот случај со судска забрана за доближување против него.



Бидејќи барањето за забраната е поднесено според Законот за семејна злоупотреба на Порторико, официјално останува нејасно кој го поднел. Порториканскиот медиум „Ел Вочеро“ објави дека се работи за некој со кого Мартин се забавувал седум месеци.

-Подносителот се плаши за неговата безбедност, пишува „Ел Вочеро“, повикувајќи се на судската наредба.

Портпаролот на тамошните органи на законот, Аксел Валенсија изјави дека властите го посетиле луксузниот кварт, во северниот крајбрежен град Дорадо, каде што пејачот живее, за да го предадат налогот, но „полицијата не успеала да го пронајде“ Рики Мартин.

-Наводите против Рики Мартин кои водеа до забраната за доближување, се целосно лажни и измислени. Ние сме уверени дека кога ќе излезат вистинските факти за ова прашање, нашиот клиент Рики Мартин ќе биде целосно ослободен од обвинението, изјави одбраната.

Оваа вест доаѓа во момент кога пејачот се соочува и со друга тужба, поднесена од неговата поранешна менаџерка – Ребека Дракер, која работела со Мартин од 2014 до 2018 година и повторно од 2020 до 2022 година. Таа тврди дека тој ѝ должи повеќе од три милиони долари за неплатени провизии. Дракер, исто така, наведува дека таа „ревносно го заштитила Мартин“ од „можноста за завршување на кариерата“ во септември 2020 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби