Искрено со Тони Зен: Уште учам како е да си добар маж во брак

По подлога пауза раперот и диџеј Тони Зен се врати на музичката сцена со нова песна - „Планот“. За песната вели дека има одлични реакции, а решил да се врати повторно и да пее дека тоа ѝ го должел на публиката.

Тони е познат и како дел од шоуто „Survivor“ што се снимаше на Филипините, каде освои второ место. И денес се сеќава дека сè што барал е да зборува на македонски и тоа да оди на телевизија со српски превод.



-И успеав во тоа, затоа што мојот јазик е македонски, вели Зен за „Репортер“.

За музичката сцена пак вели, Да се биде дел од неа колку што е добро толку и не е. Може и си направив проблем, затоа што сега пак се враќам на тој начин на живот, сите оние излегувања, пороци, а сега веќе имам дете и сопруга, па не е исто, искрен е Тони Петковски.

Во времето додека беше отсутен од настапите тој се ожени и стана татко. Со сопругата Валентина се заедно долго време, а во 2019 се ожени и се роди синот Јасен. Зборувавме за татковството и бракот. Тони признава дека да се биде татко и да се биде во брак ич не е лесно.

-Многу ме промени татковството. Тоа си бара одговорност и дисциплина што јас сум ги немал и сè уште учам. За бракот, исто така не е баш лесно. Точно е тоа дека сум тежок човек и да се биде со мене е тешко. Стресно е да се издржи со некој како мене, искрен е Тони Зен, кој на прашањето готви ли по дома, вели: „Види не е проблем да се готви по дома, проблем е искреноста каде некогаш сум потфрлил. Јас сè уште учам да ги поправам грешките за да бидам маж како што треба. Бидејќи сè уште не сум“.

Во интервјуто зборуваме за почетоците на музиката, кога во '93 година, како вели, се навлекол на рап и на хип-хоп култура. Времињата кога се слушаше музика на касета, а на „Ем-Ти-Ви“ се чекаше да ти ја пушат омилената песна.

-Ејјј, снимавме на две касети, два касетофона, клекнати, тука со микорофон во рака. Група од маало. Другарот беше поинтелигентен па пишуваше текстови за песните. Па на 103-ка да ти ја пуштат песната, тоа беа радости. Замисли, песна со лош квалитет, ти ја пуштаат на радио, се сеќава Тони Зен.

Не крие дека не му одело школото и дека одел на полагање, најчесто математика. Вели дека некогаш бил дете на МЗТ, ама по повредата веќе никогаш не се вратил на кошарката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби